Еден од најкористените производи во летото, прва помош на мајките за нега на бебешката кожа, за нега на здрава и осетлива кожа.

„Јекодерм“ е единствен сојузник што во домот најчесто влегува од неопходност – пеленски исип, изгореница, сува и испукана кожа и слично, но станува секојдневна поддршка за нега и разгалување на сите членови во домаќинството.

Впрочем, сите се сеќаваме како деца колку многу се муртевме кога ќе ја видевме маста со силен мирис на риба. Првата помош по која посегнуваа родителите. Денес овој мирис е подобрен и има пријатна арома на кокос, а маста е еднакво ефикасна како во деновите кога првпат се појавила на пазарот.

Со тоа и мајките за нега на бебешката кожа сè почесто посегнуваат по маста со рибино масло, со пријатна арома на кокос – „јекодерм“. Особено погодна за закрепнување на бебешката кожа, која уште во првите недели се соочува со разни црвенила или исипи. Особено во пределот на пелената, предизвикано од триење и потење, или сува кожа. За да се избегне исипот, мајките уште во првите денови на пределот под пелената нанесуваат маст која превенира пеленски исип или попознат како пеленски дерматитис.

Како што сугерира и името, пеленски дерматитис е општ термин за воспалителни промени во кожата во пределот на пелената. Се појавува кај 10-20% од доенчињата. Може да се појави веќе на возраст од една до две недели кај доенчиња, кога добрите бактерии се населуваат во дигестивниот систем на новороденчето. Исипот од пелена има првенствено кожни симптоми и кај почувствителни деца исипот од пелена може да предизвика непријатност, нервоза, плачење, ретко болка, чешање, особено при промена на пелената или допирање на пределот на пелената. Исипот од пелена, сепак, не секогаш изгледа исто, па може да има различни форми и изглед на погодената област.

Првата препорака за лекување на пеленски дерматитис е хигиената, а втората е добра маст, па и еден од честите избори е маста со рибино масло „јекодерм“. Педијатрите препорачуваат често менување на пелените, да се избегнуваат влажни марамчиња и кожата да се мие со вода и да се суши со тапкање со сува крпа, додека убаво да се исуши. Потоа се нанесува подебел слој од маста „јекодерм“, која првенствено помага во смирување на исипот, а потоа создава и заштитен слој на овој дел од кожата. Најчесто пеленскиот дерматитис поминува за неколку дена. Во спротивно, треба да се побара совет од педијатар.

Неретко мајките ја користат „јекодерм“ превентивно и во тие случаи не мора да се нанесува при секоја промена на пелената. Дури и по капење целиот слој од „јекодерм“ не е отстранет. Тоа е една од причините на интернет-форумите сè почесто да се споделуваат совети за секојдневна нега на бебешката кожа да се користи „јекодерм“.

Секој „јекодерм“ е една четвртина рибино масло

Еден грам „јекодерм“ содржи 250 милиграми моќно рибино масло добиено од црниот дроб на масна риба, односно бакалар. Оттука потекнува и името на маста. Латинскиот збор „jecoris oleum“ значи рибино масло. Ова масло е многу корисно за нега на чувствителна бебешка кожа. Го забрзува процесот на епителизација на кожата, ја измазнува и ја прави поеластична. „Јекодерм“ може да се користи 2 до 4 пати на ден на чиста и сува кожа, односно на делот од кожата кој треба да се регенерира. Рибиното масло е исклучително богато со омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здраво и правилно функционирање на целиот организам.

Други состојки се вазелин и витамините А и Де.
Вазелинот е компонента која се користи како основа за правење разни кремови и масти. Освен што создава заштитна бариера на кожата и ја одржува влажноста на кожата, може да ги лекува и лузните од мозолчиња.
Витаминот А успешно дејствува за спречување предвремени брчки, како и други знаци на стареење. Поради недостиг на витамин А, кожата станува сува.

Витаминот Де е одговорен за убавината на кожата. Тој е важен за тенот и го зачувува здравјето на клетките на кожата. Витаминот Де може да се внесе во организмот преку храната во многу мали количини, бидејќи единствената храна во која е присутен се некои масни риби од Северното Море, жолчки од јајце и говедско месо.
Маста „јекодерм“ ја произведува фармацевтската компанија „Галеника“, која ја дистрибуира во пакувања од 25 грама. Поради сите наведени работи, „јекодерм“ навистина претставува СОС за вашата кожа.

(Комерцијална објава)



912

X