Според акушерката и медицинската сестра Џејн Бери, постојат некои јасни знаци дека вашето дете е подготвено да престане да спие во текот на денот.

Време е за дремка, но детето е будно и активно

Џејн вели дека ова е еден од првите знаци дека на детето повеќе не му треба попладневна дремка. „Ако детето изгледа свежо и будно, следете го тој знак. Сепак, може да има денови кога му треба повеќе тишина и одмор“, вели таа.

Оди в кревет подоцна од вообичаено

Ако детето обично легнува во 20 часот, но одеднаш не може да заспие пред 22 часот, тоа може да биде знак дека попладневниот одмор бил непотребен.

Случајно сте го пропуштиле попладневниот одмор и детето немало излив на бес

Ако вашето дете се однесувало добро цел ден, иако не спиело попладнето, можеби веќе не му треба попладневната дремка.

Извор



912

X