Да обрнеме внимание на тоа дека ние сме тие што се развеле и дека детето никогаш не може да се разведе од својот татко/мајка. Обрнете внимание кога разговарате со личности кои секогаш истакнуваат: „Јас сум најдобра мајка/татко на светот!“ Особено ако се разведени и особено ако со тоа се обидуваат да го дисквалификуваат другиот родител.

На децата им се потребни двајцата родители, а оние што се величаат себеси го прават тоа и пред децата и често зборуваат како другиот родител не е добар и не се труди доволно.

Детето ги сака двата родитела, и двајцата му се потребни, освен ако станува збор за личност со големо нарушување, за насилник или зависник од некој порок. Зади приказната „јас сум најдобар/најдобра“ се крие подло отуѓување на детето, затоа што детето станува чувствително кога одново и одново му се зборува: „Само јас можам да се грижам за тебе. Никој не те сака како мене!“ Всушност, сто пати повторена лага станува вистина.

Децата се многу приемчиви за манипулација, во која едниот родител се претставува себеси како светец, а другиот како тежок грешник,(кариерист/уличар).


Како целосно да го деморализирате сопственото дете по разводот

Кога родителите по разводот се однесуваат непријателски и се оцрнуваат еден со друг, кај децата се создава слика за црно-бел свет и во нив се вгнездува таа поделба. Доколку детето не треба да го сака едниот родител, а истовремено го чувствува како дел од себе, тоа ќе почне со еден дел да не се сака и себеси.

Треба да се внимава на зборовите што ги користиме, да се внимава на потребата на децата да контактираат со двајцата родители, да внимаваме – ние сме тие што се развеле и децата никогаш не можат да се разведат од своите родители. Такви случаи има, но таа злоупотреба има име и се вика отуѓување и остава долгорочни последици врз психичкото здравје на детето.

И никој не е најдобар родител на светот. Оние што се доволно добри немаат потреба да го истакнуваат тоа. Немаат потреба да ги поткопуваат авторитетот и љубовта на другиот родител кон детето. Тие ја сфаќаат својата улога како извор на радост и одговорност. За тоа какви родители сме биле, ќе покажат нашите деца кога ќе пораснат и дали ќе пораснат во зрели и здрави луѓе.

Целата одговорност е на нас, возрасните.

Автор: Билјана Чулафиќ, педагог

Извор



912

X