Моите деца спијат, но од некоја причина јас сум будна. Се разбира, активна сум уште од 5 часот наутро и сум постојано во движење, но без разлика на тоа – кога ја ставам главата на перница, мојот ум почнува да „трча“. Здраво, инсомнијо. Тоа е затоа што повеќето мајки поминуваат најголем дел од денот грижејќи се за сите други. Без разлика дали сте вработена мајка или сте дома со своите деца, една работа е вистинита: ноќта е вашето време да ги завршите работите.
Лично, никогаш не сум била добар „спијач“. Па фактот што сум речиси цела ноќ будна не е невообичаен. Беше така додека не станав мајка и не ја видов електронската пошта – имаше порака испратена во 2 часот и 42 минути по полноќ од мојата омилена пријателка-мајка. Тогаш сфатив дека не сум единствената мајка што не спие и ги брише подовите во 1 часот по полноќ.
Еве што најчесто прават мајките кога се борат со инсомнија:
1. Онлајн-шопинг за децата – што правеле мајките пред интернетот? Ви благодарам „Амазон“, „Запос“. Без вас, повеќето деца би биле голи и повеќето мајки би требало да поминуваат дополнителни 8 часа неделно во шопинг.
2. Перење облека – Има нешто релаксирачко во двоењето на алиштата и пуштање на машината за перење додека истовремено фрлате поглед на омиленото „ток-шоу“ на ТВ: Не е ништо гламурозно, но мора да се заврши. Не грижете се, дури и во 23 часот ќе ви фали некој чорап.
3. Бришење на подовите – Ако имате дете под 3-годишна возраст во домот, тогаш веројатно сте опседнати подовите да ви бидат чисти. Тоа е така затоа што вашето малечко поминува долг период од времето таму. Не можете да спиете? Почнете со бришење – ќе ве релаксира и опушти до толку што ќе успеете да ја достигнете долго посакуваната РЕМ-фаза.
4. Гледање филмови
Гледање на омилениот филм по 12. пат? Зошто да не. Дофатете го далечинскиот управувач и уживајте.
5. Читање весници – вести
Некои мајки се жалат дека нивните бебиња им го претвораат умот во каша. За волја на вистината, повеќето мајки немаат многу време за да гледаат вести или да прочитаат најнови информации. Но, инсомнијата ќе го излекува тоа. Ќе бидете добро начитани до полноќ.
6. Подготвување оброци за децата за следниот ден – Будна мајка е проактивна мајка! Понекогаш, она што ги држи будни цела вечер мајките е листата со работи што треба да се направат следниот ден. Понекогаш клучот за добро спиење навечер е отстранување на неколку точки од листата за следното утро.
7. Помагање на поголемите деца со домашното – Тоа е задача за децата, но понекогаш мајката треба да се увери дека децата ќе ја завршат обврската. Има нешто интересно и во тоа да го проверите есејот по историја на вашето дете.
8. Проверка на електронската пошта
Не сте одговориле на пораките со недели. Тоа е затоа што постојано пристигнуваат нови. За некои не ни знаете дека се таму. Понекогаш има толку многу што ви е потребна цела вечер за да одговорите и да ги расчистите сите.
9. Правење листа со обврски што треба да ги завршите утре
Ноќ е. Има облека за нарачување и пораки за одговарање. Не спијте сега кога сте толку зафатени. Зззззз…
Автор: Мередит Гордон