Мојата сопруга и јас сакаме развод. И ќе се разведеме. За двајцата тоа е сосема во ред. Но, си го сакаме и нашето четиригодишно дете, а јас не сакам да се разведам заради него. Мислам дека ќе ги оставиме животите на мирување неколку години, додека тој не наполни 9 години, за двајцата да бидеме дома. Жртва е, знаеме, но двајцата се согласуваме за тоа и сметаме дека е најдобро.

Проблемот е што никој друг не се согласува. Нашите родители, нашето семејство, дури и нашите пријатели велат дека е погрешно. Очигледно е дека им е непријатно поради целата ситуација, но најмногу поради детето. Сите мислат дека ваквата средина ќе остави лоши последици врз неговиот живот. Ние не се согласуваме. Всушност, мислиме дека можеме да го ставиме разводот на пауза онолку колку што е потребно за детето. Дали грешиме?

Одговор:

Никогаш не ми било мило родителството засновано на моралните ставови на другите. Токму затоа многумина од нас заглавија во лудата идеја дека ако ги посветиме нашето време и пари во спорт и образование, нашите деца на некој начин ќе се претворат во успешни возрасни.

Каква врска има ова со вас и вашата сопруга, кои останувате заедно само заради вашето дете? Во суштина, треба да се грижиш за она што е најдобро за твоето дете, а помалку за она што ги навредува пријателите, соседите и семејството. Секако, ти си го познаваш најдобро семејството, а јас можам да ти помогнам во главната грижа: Дали сето ова лошо ќе се одрази врз твоето дете?

Одговорот? Зависи.

Истражувањата јасно покажуваат дека разводот е дестабилизирачки за детето и резултатите не се добри за децата по разводот, освен ако односите на родителите не се управуваат многу внимателно. Дел од причината зошто децата се дестабилизирани со разводот е стравот од загубената љубов. Но, друг голем проблем од равенката е едноставното уништување на познатата средина и околина на детето.

Децата напредуваат кога знаат што да очекуваат. Истото училиште, дом и заедница им овозможува да имаат безбедно место за развој. Наместо да се грижат за нивните дневни потреби, тие можат да се концентрираат на растењето. Така што, во реална смисла, останувањето заедно заради детето е многу соодветно. Сепак, тука има едно големо НО.

Но, останувањето заедно е соодветно ако ти и твојата партнерка сте способни да не се расправате. Затоа што стабилноста во односите е исто толку важна како структурната стабилност на познатата средина. На тој начин го спасувате вашето дете од вртоглавата збунетост на заедничко старателство, но ако тоа ве гледа како постојано се расправате, апсолутно ќе има лоши последици.

Вашето дете од вас учи како изгледа здравиот однос. Ако не можете да обезбедите модел за здрав однос – добра комуникација и соодветно решавање на конфликтите, тогаш најдобро е да размислите за развод. Сведочењето на лоши чувства, гнев и слично само ќе го уништи детето. И тоа за мене е единствената грижа.

Но, постојат стотици начини да бидете во врска. Децата што растеле со родители што не биле моногамни се сосема во ред. И децата со разведени родители пораснале во добри луѓе. Но, можам да гарантирам дека во сите овие околности успешното растење на детето се однесувало на отворени, комуникативни родители со добри односи.

Ако ти и твојата партнерка сте добри еден кон друг во блиска иднина, тогаш е во ред. Ако мислите дека ќе се расправате и карате, тогаш бидете внимателни.

Постојат уште неколку работи за кои треба да размислите:

Ве молам, имајте предвид дека само затоа што вашето дете расте, не значи дека подобро ќе се справи со разводот. Ќе му наштети без оглед дали има 5 или 25 години. Освен тоа, ако открие дека вие сте живееле без љубов целото негово детство, тоа ќе има ефект врз способноста да ви верува.

Затоа немојте да мислите дека ќе го спасите детето од болката од вашиот развод. Нема да го спасите. Нудењето стабилност со тоа што ќе останете заедно може да му даде на вашето дете можност да развие емоционални вештини за подобро да се справи со разводот, но ќе мора некако да се справи.

За крај, постои можна светла страна во стратегијата да останете заедно за вашето дете. Ако ја подобрите комуникацијата и пристојно се однесувате еден кон друг, проблемите што сте ги имале би можеле да се решат. Не сум сигурен зошто се разведувате, но сè додека планирате да останете заедно, добро би било да одите на советување за парови за да видите што ќе се случи. Сигурно ќе ви помогне.

Автор: Патрик А. Колеман

Извор



912

X