Игротека

Јапонските научници создадоа дете-робот што чувствува болка

Истражувачи од Универзитетот во Осака создале хиперреалистично дете-робот способно да реагира на болка предизвикана од струја, директно на кожата.

Роботот наречен „Афето“ може да реагира на болка кога низ неговата вештачка кожа се ослободува електрична струја.

Програмирано е визуелно да покаже чувство на болка, со цел да се тестира дали е можно да се создаде вештачка интелигенција со капацитет за емпатија.

Друга причина поради која научниците го програмирале „Афет“ за брза реакција на болка е да откријат дали можат да развијат брз и едноставен начин да препознаат дали нивниот робот-помошник би можел да има дефект или да престане да работи.

Робот замени болно дете во училиште

Тоа значи дека ако роботот е одговорен за кревање и транспорт на тешки товари, може да направи гримаса на неговото лице кога предметот што го носи е претежок или непосредно пред да доживее ефект.

Краткиот предупредувачки сигнал што постои кај денешните машини лесно се игнорира, додека звукот со кој се изразува болка предизвикува побрза и посочувствителна реакција кај луѓето, тврдат јапонските научници.

„Афето“ е во развој од 2012 година, а освен што чувствува болка, способен е и да покажува различни фацијални експресии и да реагира на допири, да се смее и да прави различни гримаси.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top