Јапонскиот министер за природна средина Шинџиро Коизуми изјави дека планира да земе породилно отсуство, што е ретка одлука на татковците во Јапонија.

Коизуми изјави дека нема да работи две недели. Неговата сопруга треба да се породи овој месец. Ова е првпат еден јапонски министер да користи породилно отсуство.

Во Јапонија и мажите и жените имаат право на породилно отсуство до една година, по раѓањето на нивното дете. Но, само 6 отсто од татковците зеле породилно отсуство во 2018 година поради притисокот да продолжат да работат. Кај жените, бројот е 82 отсто.

Фото: Getty Images

– Планирам да земам две недели отсуство во период од три месеци по раѓањето бидејќи на мајките тогаш им е најтешко, под услов службените должности да ми бидат приоритет, како и темелно управување со кризи, како и досега – изјави 38-годишниот Коизуми.

Тој изјави дека повеќе ќе комуницира преку е-пораки и ќе учествува на видеоконференции, а би можел и да ги замоли замениците да го претставуваат на работните состаноци, доколку има потреба.

Тој додаде дека нема да прескокне важни јавни активности, како седниците на парламентот.

За неговото користење на породилното отсуство се зборува уште од минатата година, што покренало бурни расправи.

– Јапонија е крута и застарена земја, а општеството се преокупира со расправиите за предностите и мааните затоа што реков дека размислувам да земам породилно – изјави тогаш Коизуми.

Извор



912

X