Влијанието на убавите зборови врз самодовербата на децата е огромно. Љубовта раѓа љубов, храброста – храброст. Секој ден кажувајте им по една убава работа на вашите деца, така ќе го гледаат светот со други очи, ќе се чувствуваат повредни, посакани, посреќни…

Во продолжение ви даваме листа со предлози за мотивациски реченици што може да им ги кажувате на своите деца:

– И ти можеш да бидеш Дедо Мраз, направи список со луѓето што сакаш да ги израдуваш и рачно изработи подароци за нив.
– Извини се кога ќе погрешиш. Нова година, нов почеток!
– Подај му рака на детето што паднало на мразот, можеби тоа е твоето ново најдобро другарче.
– Пролет е, исклучи го компјутерот, играта продолжува надвор!
– Ти си суперхерој, и тоа не само на Први април!
– Посади дрво или цвеќе, ќе расте заедно со тебе и Земјата ќе ти биде благодарна!
– Ти почнува заслужениот одмор, спакувај ги тетратките под кревет и пушти ја твојата омилена песна!

– Време е за твојот костим за капење, и тој не се носи само на плажа, туку и при играта со цревото во дворот!
– Потрага по скриеното богатство, криенка, брканица, сладоледи… уживај во летните денови!
– Нов почеток, можеш да бидеш најдобриот ученик годинава, само треба да се потрудиш!
– Направи добро дело, помогни ѝ на бабичката од соседството со торбите, ќе се чувствуваш подобро!
– Твоето мислење е важно. Избери коректен начин за да го кажеш.



912

X