Добра вест за паровите што сè уште не основале семејство: имањето деца подоцна во животот има свои придобивки. Според студија објавена во „Population and Development Review“, децата родени од постари мајки може да имаа уникатни предности во животот.

Истражувачите од Институтот за демографски истражувања „Макс Планк“ и од Лондонската школа за економија анализирале 1,5 милиони мажи и жени од Шведска, родени помеѓу 1960 и 1991 година. Откриле дека децата родени од постари мајки, кои го одложувале раѓањето деца до возраст од 40 години или повеќе, се повисоки, поедуцирани и имале подобри резултати на стандардизирани тестови во споредба со децата родени од помлади мајки. Авторите на студијата следеле и браќа и сестри (вклучително и близнаци) со исти мајки и татковци и ја споредиле возраста на мајката со други фактори, како висина, физички перформанси, оценки во средно училиште и ниво на едукација. Откриле дека децата што се родени од повозрасни мајки имале тенденција да бележат подобри резултати во споредба со децата родени од помлади мајки.

– Преку споредба на браќата и сестрите што растеле во исто семејство беше возможно да ја потенцираме важноста на возраста на мајката во времето на прашањето, независно од другите фактори што може да влијаат врз резултатите – објаснува авторот на студијата, Кирон Барклеј. Верувале или не, истражувачите се согласуваат дека придобивките што доаѓаат од имање деца подоцна во животот ги надминуваат ризиците како зголемената шанса бебето да има Даунов синдром. Па, безбедно е да се каже дека ако сè уште не сте ја сретнале специјалната личност за вас, можно е дека не сте ја изгубиле среќата. А студијата вели: „Придобивките од раѓање подоцна во животот ги надминува индивидуалните ризик-фактори што произлегуваат од тоа детето да биде родено од постара мајка“ – вели водечката истражувачка на студијата, Мико Мирскила. „Треба да развиете различна перспектива за напредната возраст на мајката. Родителите кои очекуваат принова обично се свесни за ризиците што доаѓаат со подоцнежна бременост, но се помалку свесни за позитивните ефекти“, додала таа.

Истражувачите не ја потврдуваат точната причина за нивните откритија, но мислат дека влијанието од подобрувањето на здравјето и социјалните услови со текот на времето имаат некаква поврзаност со сето тоа. Освен што се вели дека жените стареат како добро вино, тие исто така ја имаат и мудроста која на помладите им недостига. Целото искуство со бременоста и породувањето, иако е стресно и исцрпувачко, не мора да значи дека ќе биде и опасно поради напредната возраст.

Автор: Марфи Морони

Извор



912

X