Кога очекуваш бебе по втор пат, главно знаеш низ какви фази ќе поминеш кога е во прашање породувањето. Сепак, немој да мислиш дека знаеш сè бидејќи секое породување е различно, како и секоја бременост. Ова се петте изненадувачки факти за второто породување.

Породувањето ќе биде брзо

Додека првото породување обично трае 18 часа, во просек, второто ќе биде пократко, околу 8 часа. Сигурно ќе се разликува од жена до жена, но кај повеќето породувањето ќе биде брзо. Откако ќе роди, мускулите и лигаментите на мајката полесно ќе се опуштат бидејќи веќе сè е истегнато, па детето полесно ќе се движи надолу. Грлото на матката исто така побрзо ќе се рашири (отвори).

Полесно е да се турка плодот

Мускулите и лигаментите во карлицата и вагината веќе направиле место за туркање на бебето, така што вториот пат целиот процес е многу побрз. Тоа, исто така, варира од мајка до мајка. Освен тоа, мајките што раѓаат по втор пат знаат како треба да туркаат, па тоа ќе има поголем ефект.

Породувањето ќе почне порано

Терминот за породување е 40 недели. И веќе знаеш дека тоа е само процена која се темели на првиот ден од последната менструација. Во просек, жената што раѓа првпат ќе се породи во 41. недела, плус три дена (доцни 10 дена). Мајката што го раѓа второто дете ќе роди во 40. недела плус три дена, што е цела недела порано.

Би можела да имаш повеќе грчеви

Многу жени имаат грчеви во првите три до пет дена кога дојат. Кога бебето ќе заспие, телото на мајката го ослободува хормонот окситоцин, кој помага да се заљуби во детето, но исто така прави и да се грчи матката и да се стега за да го спречи крвавењето и да се намали до големината од пред бременоста.

Ќе бидеш посамоуверена – во породувањето и во мајчинството

Иако второто породување ќе се разликува од првото, мајката поминала низ тој процес и знае нешто повеќе за тоа што ја очекува. Треба да верува дека нејзиното тело го може тоа, знае што ја чека – најслатката мала награда! Веќе знае што е мајчинство. Многу мајки откриле дека вториот пат повеќе уживаат во мајчинството бидејќи помалку се грижат и повеќе веруваат во себе.

Автор: Карина Шиждрак



912

X