Игротека

„Изнајми татко“ – нов вид услуги во Австралија

Да се биде татко не е лесно. Но, колку и да е тешко, сите ќе се согласат дека откажувањето не е опција. Никој не е роден со татковски вештини – тие се учат и стекнуваат преку едуцирање, самосвест, обиди и грешки.

За жал, многу татковци бегаат, оставајќи ги мајките да ги извршуваат и двете улоги, а нивните деца не направиле ништо за да го заслужат тоа.

Но, онаму каде што има проблем, има и решение. Австралиецот Џејк Џејмс неодамна објави оглас за услуги за татковство кој тој ги нарекува „Изнајми татко“. Во огласот пишува: – Се обидувам со нова кариера. Изнајмете татко денес. На рекламата стојат сите детали поврзани со услугата.

– Дали таткото на вашето бебе глуми? Ви се смачи тој да игра игри? Изнајмете си татко! – пишува во огласот, во кој се вели дека таткото ќе присуствува на спортски настани, ќе учествува во активностите со детето и многу повеќе. Освен тоа, тој нуди дополнителни услуги како семејно селфи и ажурирања на врската на „Фејсбук“.

Услугите се слични како она што би го очекувале од дадилка, но со татковски пристап. Дополнителен пакет е Џејк да биде присутен на семејни настани и роденденски забави, како и во текот на неделното попладне.

Сепак, не е јасно дали огласот е направен на шега, па станал реален, или уште на почетокот бил реален. Без оглед на тоа, многу луѓе одговорија, означувајќи ги пријателите што би сакале да изнајмат татко.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top