Карантинот се покажа погубен за луѓето што сакаат нивните семејства да ги остават малку сами. Истото го чувствува и едно 4-годишно девојче од Филаделфија.

4-годишната Милан Мари измисли песна наречена „Остави ме на мир“, а се однесува на нејзините родители.

Нејзината мајка, Јован Филипс-Лојд, неодамна сподели видео на кое Милан ја пее песната. Видеото има над 300.000 прегледи затоа што многу луѓе се поистоветуваат со текстот: „Сакам да ме оставиш на мир. Остави ме на мир. Остави ме“.

Како што вели нејзината мајка, Милан обожава да измислува песни додека се вози во автомобилот.

– Дента кога ја измисли песната се возевме со автомобилот. Таа почна да пее, а јас почнав да ја снимам. Нормално, нема приказна зад нејзините песни, по случаен избор ги измислува, или пак можеби слушнала некој збор, па го става во песната и го пее она што ѝ доаѓа на ум – вели нејзината мајка.

Извор



912

X