Лорен Гордон е мајка која работи од дома, па најголем дел од денот го поминува со нејзиниот син. Таа вели дека понекогаш ѝ доаѓа да избега од дома на неколку минути бидејќи постојано слуша: „Мамо, мамо, мамо.“

– Почнав да се прашувам дали ова е нормална реакција. Веќе претпоставувате дека не мислев буквално да го напуштам моето семејство поради моите фрустрации, но навистина се прашував дали мојата вознемиреност е апсурдно висока – пишува Лорен.

Откако разговарала со сопругот и со неколку пријателки кои ѝ потврдиле дека пречесто го слушаат зборот „мамо“ од децата, таа одлучила да брои.

Утрото Лорен се разбудила во 6:15 и ја почнала својата мисија. Само во првите 9 минути синчето ѝ рекло „мамо“ 17 пати. Всушност, Лорен пресметала дека синот вели мамо 1,9 пат во минута.

– Вистинската причина зошто избрав да се измачувам себеси беше за да покажам дека она што јас и другите родители го постигнуваме во еден ден е навистина чудо. Помеѓу сите тие „мамо“ јас работев, готвев, играв, утешував, гушкав, чистев, пазарев, се туширав, јадев и уште многу други нешта – вели Лорен.

– Кога мајките се жалат дека се ментално преоптоварени, всушност за ова зборуваат. Иако обожаваме да поминуваме време со нашите деца и се гордееме што им сме извор за сè, и понатаму сме психички и емоционално преоптоварени затоа што некому сме му потребни толку многу.

Благодарна сум што сум мајка. Благодарна сум што тој може да зборува и сум среќна што можам да го слушам неговото слатко гласче. И покрај тоа што времето со него во работните денови ми е стресно, вистински дар е што имам можност да бидам во негова близина. Сите тие работи се точни, но мислам дека ми е дозволено да бидам истоштена на крајот од денот.

До крајот на денот, мајката изброила 330 пати.

Сега замислете како е со повеќе деца дома.

Им се обраќам на оние што немаат деца: Ако видите мајка и татко на крајот од долгиот ден, знајте дека тие извршиле цела планина задачи со повеќе од 330 одвлекувања на вниманието. Бидете љубезни со нив.

До родителите што чувствуваат дека полудуваат: Верувајте ми дека не полудувате. Вашето дете навистина е напорно и во ред е да бидете фрустрирани поради тоа. Бидете љубезни кон себе. Искрено, го заслужувате тоа – пишува Лорен.

Извор



912

X