Деца.мк во соработка со „Светот на Биби“ ги повикува сите основци да ги промовираат убавините на Македонија и да си освојат подарок.

Децата може да го опишат местото каде што ги поминуваат распустите или омиленото село или град во Македонија, да наведат што посетиле таму и да испратат максимум 5 фотографии. Репортажата треба да е минимум 5-6 реченици со наведен наслов. Услов за учество е да се испрати и фотографија од ракописот. Едно дете може да учествува со една репортажа.

Најлајкуваните ќе добијат подарок – „Моите омилени места“ од Светот на Биби.

Репортажите може да се испраќаат на е-пошта: redakcija@fakulteti.mk со наведени име и презиме, возраст, адреса и телефонски број на родител најдоцна до 2 февруари (до 12 часот), а добитниците ќе ги објавиме на 10 февруари, што значи колку порано ја испратите репортажата, толку поголеми ви се шансите за добивка.

Напомена: Доколку фотографиите што ги испраќате не се ваши, треба да имате дозвола за користење, а доколку се професионални, задолжително треба да наведете чии се за да ги потпишеме.

Ве очекуваме!



912

X