Во Италија е донесена одлука која им налага на родителите што имаат мали деца да ги опремат седиштата во автомобилите со уреди за аларм, со цел децата да не бидат заборавени во автомобилите.

Министерството за транспорт и врски донесе декрет кој веќе е стапен во сила, а намерата е да се врши превенција во однос на смртните случаи, како што е примерот со детето во Сицилија пред два месеца. Неговиот татко заборавил да го остави во градинка, па го оставил во автомобилот, кој премногу бил загреан, цели пет часа.

Уредите за аларм мора да емитуваат аудио и визуелни сигнали кои ќе бидат видливи и почувствувани и внатре и надвор од возилото и кои ќе се вклучуваат ако детето е оставено на задното седиште во автомобилот. Опремата треба да се применува на автомобилските седишта за деца помали од четири години.

Оние што ќе ја прекршат одредбата ќе се соочат со казни од 326 евра и ќе добијат негативни поени во нивната возачка дозвола.

Извор



912

X