Јајцата се лесно сварлив и многу хранлив продукт. Еве еден рецепт за подготовка на здрав омлет со компир.

Потребно е:
* еден компир
* едно матено јајце
* лажица сирење
* сечкано младо кромитче
* лажичка маслиново масло
* малку сол

Подготовка:
Загрејте го маслото во едно тавче. Компирот исечкајте го на тенки кругови, ставете ги во тавчето и пржете додека не поруменат (околу 20 минути). Прелејте ги со јајцето и исечканото младо кромитче, додајте го сирењето, поклопете и динстајте додека не се стопи сирењето.

 



912

X