Денешните болници постојано се обидуваат да најдат нови начини да ги расположат нивните пациенти, особено најмалите, и тоа со работи како миленичиња и терапија со уметност. Една болница во Џенова одлучи да оди чекор понатаму и на хоспитализираните деца да им овозможи нешто што никогаш не би го очекувале… ден поминат на плажа. А ова го направиле создавајќи сопствена плажа.

Институтот за педијатрија „Гаслини“ има создадено рекреативен клуб што одлучил да направи нешто посебно за своите млади пациенти. Така, клубот помогнал во изградбата на павилјонски тунел до „лидо“, дел од морето што е одделено како област за приватно пливање.

Фото: Wikimedia Commons

Областа била именувана како „Гаслини плажа“, а докторите веруваат дека изложувањето на децата на свеж воздух и сончева светлина може да дејствува како хелиотерапевтско или сончево лекување. Исто така, се верува дека морскиот воздух носи здравствени придобивки: им помага на децата да ја обноват енергијата, да ги зајакнат коските и да го подобрат имунолошкиот систем. Освен тоа, докторите сметаат дека со забава кај децата може да се подобри менталното и физичкото здравје, помагајќи им да се справат со анксиозност или депресија.

Приватната плажа е отворена од јуни до септември и е бесплатна за децата и нивните старатели доколку имаат дозвола од нивните лекари. На децата им се обезбедени и чадори, маси и столчиња. Покрај тоа што се забавуваат на море, има и други игри, како фудбал на плажа. И не само што има спасувач на плажата туку и децата постојано се надгледувани и во текот на нивната игра.

Околу 300 деца уживале во плажата во текот на 2018 година. И на другите луѓе им е дозволено да одат на оваа плажа, но мора да платат влез. Ова ги вклучува пензионерите, семејствата и вработените во болницата. Во 2019 година посетителите на плажата се зголемиле за 50 отсто од претходната година.



912

X