Меѓу 15 часот во петокот и 15 часот во саботата во една болница во италијанскиот град Кремона се родиле 15 бебиња – знак на надеж по неколкумесечната вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Пред два месеца, кога имаше вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот, одделот за акушерство во големата болница во Кремона беше единствениот што не се претвори во интензивна нега за пациентите со Ковид-19. Сепак, породувањата беа различни: без татковци, членови на семејството, без посети од роднини.

Ноќта меѓу петокот и саботата петнаесет бебиња – десет девојчиња и пет момчиња, меѓу кои и близнаци – се родени во таа просторија вратена во нормала. Изненадување кое ги израдува сите, по тие мрачни месеци. Овој пат просторијата за породување беше онаа што побара засилување: последното од новороденчињата се роди во болничката соба бидејќи сите места во акушерскиот дел беа резервирани.

Фото: Corriere dela Sera

Шефот за гинекологија, Алдо Рикарди, зборува за „знак на преродба“, а лекарите и медицинските сестри посочуваат дека ова е мал рекорд: „Петнаесет деца во еден ден не се случило никогаш“, велат тие.

– Видовме раѓање на деца едноподруго, неуморно работејќи – објаснува лекарката Аналиса Абијати, која била на должност помеѓу сабота и недела заедно со Гаетано Скалцоне.

Додава дека тоа било тимски напор помеѓу доктори, акушерки, медицински сестри и социјални здравствени работници.

Мајки се добро, некои веќе се дома со своите бебиња. Има нова причина за славење во Кремона. Во градот каде што до неодамна ечеше звукот на сирените на брзата помош, сега плачат многу бебиња.

Извор



912

X