Речиси сите бремени жени се изложени на хемикалии од пластика, производи за чистење, облека и други предмети за домаќинството за кои научниците велат дека може да го зголемат ризикот од рак и да му наштетат на нивното бебе во развој.

Истражувачите од Универзитетот во Сан Франциско тестирале примероци од урина од 171 жена и откриле дека речиси сите имаат меламин и неговиот нуспроизвод цијанурична киселина, која може да дојде таму од садовите, пластиката, кујнските површини и пестицидите. Огромно мнозинство, исто така, биле изложени на ароматични амини кои вообичаено се ослободуваат во околината од боите и пигментите за облека.

Д-р Трејси Вудраф, гинекологот кој ја водел студијата, вели дека присуството на хемикалиите е сериозен проблем, додавајќи дека е загрижена оти сите овие хемикалии би можеле да имаат полош ефект кога се мешаат. Хемикалиите се вообичаени, што го прави речиси невозможно нивното избегнување, но Вудраф вели дека изложеноста може да се намали со купување помалку производи спакувани во пластика. Во студијата објавена во рецензираното списание „Chemosphere“, научниците заклучиле дека овие хемикалии предизвикуваат сериозна загриженост поради нивната поврзаност со ракот и развојната токсичност, но сепак тие не се рутински следени во САД.

„Една од причините зошто сме загрижени е дека повеќекратната изложеност на овие хемикалии и нивното мешање заедно може да има поголеми ризици. Она што го откривме е дека речиси сите жени имале мерливи нивоа на овие хемикалии. Тие можеби не претставуваат голем ризик, но сепак ризикот може да биде важен… и се појавуваат во многу критична точка во развојот“, заклучила Вудруф.

Извор



912

X