Има многу работи за кои треба да ѝ се заблагодарите на мајка ви освен за совршениот нос и ваучер за шопинг што ви го подарила.

Според едно истражување, целата ваша интелигенција доаѓа од мајка ви, без разлика дали тоа ви се допаѓа или не. Ајде да ја разложиме науката за оние што мразеа часови по биологија.

Жените имаат XX хромозом, а мажите имаат XY хромозом. Хромозомот е како хард диск кој живее во нашите клетки. Ги транспортира нашите гени до нашите потомци. И според ова истражување, нашата интелигенција доаѓа директно од оние навистина важни Х хромозоми; и бидејќи нашите мајки имаат два од нив, двојно е поверојатно дека нашата интелигенција доаѓа од страна на мајката.

Не грижете се, татковци! Вашиот напор не е за џабе!

Истото истражување посочува дека XY хромозомите придонесуваат за физичкиот аспект на вашите деца. Се разбира, сите овие тестови биле направени на глувци, но има прилично добри шанси оваа информација да е точна и за луѓето.

Според „Psychology Spot“, „оние со дополнителна доза мајчински гени развиле поголема глава и мозок, но имале мали тела. Спротивно на тоа, оние со дополнителна доза на татковски гени имале мал мозок и поголеми тела“.

Но, не е само науката онаа што нѐ прави гении:

Важноста на емоционалната врска за развојот на мозокот ја покажаа истражувачите од Универзитетот во Вашингтон, кои првпат открија дека сигурната врска и љубовта на мајката се клучни за растот на некои делови од мозокот.

Овие истражувачи седум години го анализирале начинот на кој мајките се однесуваат со своите деца и откриле дека кога емоционално ги поддржуваат децата и соодветно ги задоволуваат нивните интелектуални и емоционални потреби, на 13-годишна возраст хипокампусот на децата бил 10% поголем од оној на децата чии мајки биле емотивно оддалечени. Вреди да се спомене дека хипокампусот е област на мозокот поврзана со меморијата, учењето и одговорот на стресот.

Затоа, пред да ѝ викате на мајка ви што му одговорила на нигерискиот принц кој ѝ испратил е-пошта, запомнете: ги делите истите гени. Истиот нигериски принц ќе биде и во вашата иднина! Можеби не иста, но слична измама. Можеби и двете може да бидете измамени, но и двете се сакате и тоа е она што е важно.

Автор: Лиза Валтер

Извор



912

X