Во текот на изминатите неколку години нежното родителство стана популарна тема. Оваа идеологија се фокусира на тоа да не се биде груб при дисциплинирањето на децата. Наместо тоа, децата се учат на смирен начин и не се критикуваат.

Сепак, студија спроведена од истражувачи од Државниот универзитет во Колорадо покажа дека строгоста и дисциплината имаат позитивно влијание врз растот и развојот на децата. Покрај тоа, строго одреденото време за спиење, всушност, може да ги подобри меморијата и развојот на мозокот кај децата. Во истражувањето биле вклучени 94 деца, на возраст од пет до девет години, од различни економски средини.

Водачот на студијата, професорката Емили Мерц, изјавила: „Недостигот на сон може да биде поврзан не само со структурата на мозокот, туку и со функцијата на мозочните кола за обработка на емоциите кај децата. Ова може да објасни зошто намалениот сон води до поголема чувствителност на негативни емоции“, смета таа.

Иако повеќето истражувања за развојот на спиењето се фокусираат на тинејџерите, ова истражување ја нагласува важноста од процената и поддршката на здравјето на спиењето на децата, уште пред да влезат во адолесценција, објаснила Мерц.

„Детството е чувствителен период во развојот, кога искуствата од околината можат да имаат силно и трајно влијание врз мозокот“, истакнала таа.

Посебно истражување на Академијата на науките во Северна Каролина покажало дека тинејџерите имале подобри резултати на тестовите откако спиеле осум часа и не користеле мобилни телефони пред спиење.

Така, додека нежното родителство има свои придобивки, дисциплината сепак може да биде клучна за здрав развој на детето.

Извор



912

X