Неодамнешно истражување истражувало нешто што родителите со години го зборуваат: дека децата што спијат подолго и одат на училиште подоцна се помалку исцрпени на час.

– Истражувањето беше доста обемно и дава нови информации во основната литература – вели Кристофер Винтер, директор на одделот за неврологија и медицина за спиење во Шарлотсвил.

Cute boy sleeping on rug

Истражувањето, објавено во списанието „Слип“, вклучило 28.000 ученици и родители, чии навики за спиење и одење на училиште внимателно се следеле.

Првото истражување било спроведено пред промената на почетокот на часовите во училиште во Денвер, а второто истражување било спроведено по шест месеци, кога децата почнале да одат на училиште еден час подоцна.

Крајното истражување било спроведено по 18 месеци од приспособувањето кон новиот систем.

И учениците и родителите дале одговор кога оделе на спиење, кога станувале и колку сон им бил потребен за да се одморат и да функционираат во текот на денот.

Најмладите ученици не почувствувале значителна разлика бидејќи легнувале и станувале приближно во исто време. Тие не биле уморни во текот на денот.

Малку постарите ученици во вториот период се буделе подоцна и спиеле во просек 37 минути подолго. Ова ја зголемило нивната енергија и тие немале проблеми во текот на денот за да функционираат нормално.

Средношколците ја почувствувале најголемата промена бидејќи спиеле 45 минути подолго од порано, што значително влијаело врз нивниот ден.

Многу експерти сметаат дека подоцнежниот почеток на часовите го подобрува спиењето на децата, додека други веруваат дека децата нема да спијат доволно кога и да почнува училиштето.

– Некои велат дека кога ќе го поместиме почетокот на часовите, тие само ќе легнуваат подоцна и ќе стануваат подоцна. Јас сум сигурен дека тоа не е точно и дека децата ќе спијат подобро благодарение на оваа промена – вели д-р Винтер.

Истражувањата дефинитивно го поддржаа она што родителите постојано го зборуваат – дека раното станување не им одговара на децата.

Извор



912

X