Денешните паметни телефони и таблети нудат одличен начин за децата да научат работи преку интерактивни прегледи, звук и допир, меѓутоа, тие исто така можат да обезбедат одлична забава.
Постојат илјадници игри, квизови и апликации за деца, а ние ви ги издвојуваме најдобрите за деца, бебиња и тинејџери.
Апликација за бебиња
Во овој дел од животот едно од најдобрите нешта што можете да ги направите како родител е да ја охрабрите интеракцијата преку користење апликација која помага да се поврзат звукот и допирот. Следните неколку андроид-апликации ја имаат оваа цел.
Baby phone – Со генерации една од првите интерактивни играчки е телефонот со разнобојни копчиња што испуштаат звук. Апликацијата наречена Baby phone го нуди овој „дух“ на класичната играчка со уште неколку звуци и ѕвоничња кои вашето бебе ќе ги обожава.
Апликација за деца од 1 до 3 години
Оваа возраст е можеби најважната во развојот на детето. Емоционалните, социјалните и когнитивните вештини за брзо време се оформуваат на возраст од 1 до 3 години.
Toca Kitchen 2 – Ако вашето дете сака да ве гледа додека приготвувате вечера или е заинтересирано за тоа како функционираат нештата во кујната, оваа апликација овозможува совршен начин да ги истражува безбедно.
Animals for kids forest – За децата на оваа возраст светот е полн со магија и мистерија, па апликацијата ќе им помогне да ја поттикнат нивната внатрешна желба да истражуваат додека учат вредни лекции.
Google earth – Оваа апликација овозможува часови на забава и учење. Можеби не се чини така на прв поглед, меѓутоа, ова е дефинитивно корисна апликација.
Апликации за деца на претшколска возраст (4 и 5 години)
На претшколска возраст децата почнуваат да учат голем дел од алатките што ќе ги користат во текот на целиот живот. Азбука, броеви и основна математика се концептите со кои треба да се почне за на децата да им биде помалку непознато на оваа возраст.
Endless alphabet – Кога ќе размислете за ова, буквите се слични на загатки кои формираат зборови, па важно е да се научи азбуката. Тоа го нуди оваа апликација, која ја прикажува азбуката како загатка и користи фонетски звуци и букви, како и помош како да се решат.
Endless numbers – Апликација од истите девелопери на Endless alphabet која овозможува слични резултати кога станува збор за учење броеви.
Math Animals – Koнцептот на математиката може да биде страшен за некои возрасни, но ако го изложите вашето дете на основните собирања и одземања на рана возраст, тоа ќе му помогне во текот на образованието. Оваа апликација ја поттикнува љубопитноста на децата кон математиката.