Игротека

Исповеди на интернет-корисници за најлошите работи што ги сториле како деца

Сите имаме моменти на кои не сме горди, но без нив не би пораснале во приспособливи и соодветни луѓе. Некогаш е добро, сепак, тие работи да се извадат на површина. Некои луѓе ги споделиле своите најголеми тајни со пријателите или партнерот… а некои, пак, споделуваат на социјалната мрежа „Редит“. Ова се неколку од најспектакуларните исповеди на луѓе што ги кажуваат најлошите работи што ги сториле како деца:

Шумски пожар, најголем во последните 150 години

„Кога имав 9 години, го предизвикав најголемиот пожар во мојот град во изминатите 150 години. Мојата постара братучетка (14) остана со мене и семејството неколку недели“, вели една корисничка потенцирајќи дека братучетката бил вистински креатор на проблеми. „Еден ден прашав дали може да одиме во локалната шумичка и да направиме оган за да печеме бел слез. Кога дојдовме таму, запаливме мал оган од весници и стапчиња поставени на камен“. Работите ексалирале кога децата додале уште неколку работи на огнот и потоа оганот почнал да се проширува. „Братучетка ми ме грабна за рака и почнавме да трчаме по калливиот пат во шумата. Но, наместо да повикаме полиција и пожарна, ние само стоевме таму и гледавме како оганот се шири“. Братучетката сакала да се јави во пожарна, но не го сториле тоа, па ова искуство за нив е најголемото каење во животот.

Импровизирана блокада на патот

„Го блокирав патот покрај мојата куќа и направив пренасочување на сообраќајот за забава“ – ова е насловот на едно од искуствата од детството на уште еден корисник кој се исповедал. „Кога имав 15 или 16 години, моите родители работеа ноќна смена, па цело лето ни беше на располагање за забава. Еднаш јас и моите пријатели мислевме дека ќе биде добра идеја да одиме на градежна локација и да земеме знак кој обележува место на кое се гради и да го ставиме на средина од патот кој поминува низ мојот град. Алтернативата со поставениот знак за возилата е тие да се упатуваат по споредни улички и да го заобиколат знакот. Ги блокиравме двете насоки, а потоа чекавме да се случи блокада за да видиме како застануваат автомобилите и возачите се прашуваат кога е поставен знакот на патот. Беше смешно, но стана навистина голем проблем бидејќи не можеа да ја отстранат блокадата без да знаат кој ја ставил таму“, вели корисникот.

Интересен избор за читање

„Кога бев дадилка, го читав дневникот на мајката. Мајката изгледаше како да е исклучена, спиеше цело време кога бев таму, или едноставно си ја гледаше својата работа околу домот – целосно ме игнорираше“, ја започнува приказната следниот корисник. „Еден ден кога не ме забележуваше, јас истражував околу домот и го најдов нејзиниот дневник. Потоа се растажив за неа – беше многу несреќна за својот брак и живот. Работев за жената 3 години, но првата година беше непријатна и чудна. Можеби мајката страдаше од постанатална депресија и се чувствуваше лошо“, заклучува корисникот во својата исповед.

Како да се извлечете од обид за убиство…

„Ја прободев мојата соученичка во 4. одделение, но се извлеков“, ова е навистина епски наслов на исповед. Сè започнало еден ден кога наставникот ја напуштил училницата. Соученичката на девојчето го имала нејзиниот дневник и се заканила дека ќе го прочита пред целото одделение. „Бев засрамена и не можев да ја контролирам лутината, се обидов да го дофатам дневникот, но таа не ми го даваше, па само ја прободев во близина на лактот. Раната беше долга бидејќи го влечев пенкалото и имаше многу крв“. Наставникот се вратил, а повреденото девојче било однесено во училишната амбуланта, но молчело за инцидентот. „Откако завршив со активностите, го прашав наставникот за дозвола да ја посетам и ми дозволи. Отидов кај неа за да ѝ се извинам, но се сопрев кога видов дека мајка ѝ е таму. Таа ја прашуваше што се случило и бев шокирана бидејќи таа одговори дека само играла со некои соученици, а потоа некој се сопнал и случајно ја прободел со пенкалото“. Следниот ден таа не дошла бидејќи мајка ѝ ја префрлила во друго училиште. Никој повеќе не зборувал за инцидентот.

Автор: Клер Хеик

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top