Приказната за девојчето што ја украло ужината на другарка од својот клас бидејќи било гладно ќе ве растажи.
Секој ден, за жал, слушаме некоја приказна што нè растажува, на телевизија, во весниците или од пријателите. Една од ние е токму оваа приказна за девојче кое толку било занемарено од родителите, што буквално гладувало.

Кристина Кузмиќ од Калифорнија на својот фејсбук-профил напиша статус за претходно споменатата ситуација.
– Кога мојата ќерка одеше во второ одделение, еден ден се врати од училиште многу гладна, ѝ исчезнал сендвичот од кутијата за храна. Знаев дека ѝ го спакував и се сеќавам дека бев многу лута затоа што некое дете ѝ ја украло ужината. Какво детиште може да му го направи тоа на другарче?
Мистеријата околу сендвичот беше решена неколку недели подоцна со порака и чек од шест долари.

Во пораката девојчето напишало:
„Драга Матеа, жал ми е што ти го украдов сендвичот. Многу ми е жал поради тоа. Директорот на училиштето ме суспендира една недела. Жал ми што ти го направив тоа. Се надевам дека ќе ми простиш и се надевам дека сè уште можеме да бидеме пријателки“.

И јас и мојата ќерка научивме важна лекција. Немојте да претпоставувате ништо за другите луѓе ако не ја знаете нивната приказна.
Набрзо откако ја добивме пораката, дознавме каков тажен живот има тоа девојче. Било сведок на ужасно семејно насилство, вклучувајќи и ситуации кога нејзината мајка и татко се бркале по куќата со ножеви во рацете, а таа го гледала тоа. Грижата за нивната ќерка и за нејзините потреби никогаш не им била приоритет . Девојчето било толку гладно, што било принудено да краде храна од другите деца. Тоа не било детиште, туку очајно дете.
На крајот, им беше одземена на родителите и отиде да живее кај друг пар што ја посвои. Не сум ја видела повеќе од пет години, но сè уште мислам на неа. Се прашувам дали е добро. Се прашувам дали се чувствува сакано. Се прашувам дали на некого му е приоритет. Се прашувам дали има доверба во некого. Се прашувам дали конечно има мирен дом и родители што ја обожаваат и дали има свој сендвич секој ден.



912

X