Седумгодишно девојче кое му пишало писмо на Дедо Мраз, барајќи дом и храна за нејзиното семејство, е навистина возбудено затоа што желбата ќе му биде исполнета откако биле донирани 6.000 долари.

Писмото, кое станало вирално, било ставено во божиќно поштенско сандаче во Евертон, Ливерпул.

Советникот Жерард Вудхаус рече дека донациите би платиле три ноќи во хотел за Божиќ. Тој изјави дека девојчето е многу благодарно за донациите.

Банката за храна при центарот на заедницата и апелот за Божиќ на веб-страницата „GoFundMe“ беше преплавен со ветувања откако писмото беше објавено на социјалните мрежи од Вудхаус, кој е извршен директор на центарот.

Во писмото девојчето напишало:

„Драг Дедо Мраз. Дали можеш да ми помогнеш?

Дали може да имаме дом за Божиќ? Мама сака сите да сме заедно. Дали можеш да ни дадеш храна и дали може да имам убава кукла за Божиќ? Ти благодарам“.

– Девојчето беше шокирано што нејзиното писмо стана популарно и е возбудено што нејзиното семејство ќе престојува во хотел за божиќните празници – изјави Вудхаус додавајќи дека девојчето било воодушевено кога тој му кажал дека ќе ја добие и куклата.

– Таа рече дека едвај чека да им ја покаже на своите пријатели на училиште. Тоа е паметно девојче – изјави Вудхаус.

Мајката на девојчето, која моментално живее во хостел, му кажала на Вудхаус дека немала поим дека нејзината ќерка го напишала писмото и не може да поверува дека биле испратени толку донации.

Вудхаус изјави дека здруженијата за домување се во контакт со центарот за да му помогнат на семејството да најде дом. Според него, писмото не претставувало изненадување затоа што постојат многу семејства со слични потреби.

Остатокот од собраните пари ќе оди кон обезбедување храна во центарот и помош за другите семејства.

Извор



912

X