Воспитување

Исмејувал соученици, па неговите родители се одлучиле за необична казна

Ако откриете дека вашето дете исмејувало и малтретирало соученик, постојат многу работи што би можеле да ги направите: да го замолите да се извини, да му ги објасните штетните ефекти од малтретирањето, да го казните со одземање на неговиот телефон и слично.

Но, едно семејство се одлучило за понеконвенционален пристап за да го научи својот син да не малтретира, па доби различни реакции од интернет-заедницата.

Се чини дека едно младо момче било принудено да застане покрај улицата додека држи знак „Свирнете ако мразите насилници“, а мајката и таткото гледале додека автомобилите поминувале покрај детето.

Тие изгледале крајно релаксирани, додека се чинело дека детето го користи знакот за да си го покрие лицето.

Интернет-корисниците се поделија. Имаше и такви што критикуваа и такви што тврдеа дека детето заслужува да биде засрамено за да ја научи лекцијата.

– Тоа е родителство. Дисциплина, срам и да го натераш никогаш повеќе да не го направи тоа – пишува еден интернет-корисник. Голем дел од родителите истакнаа дека на децата може да им се уништи

животот со тоа што се жртви на булинг, така што ова е мала казна во споредба со болката што детето може да ја предизвика.

Други изјавија дека јавното засрамување на детето не е начин да се реши проблемот. Луѓето се прашуваа дали казната ќе направи детето да биде огорчено на родителите или ќе го спречи да комуницира со нив за неговите проблеми.

– Дисциплината е во ред. Јавната дисциплина нема да ги научи ништо – вели еден родител.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top