Да се стане родител понекогаш е и страшно, особено бидејќи сфаќате дека вие сте одговорни за грижата за друго човечко суштество. Има многу насоки и совети за родителите на интернет, но секогаш е важно информациите да се добиваат од соодветни извори – а тоа се родители со искуство. Многумина од нив имаат интересни, но и смешни совети за новите родители, но најважно е да се напомене дека доколку имате потреба од помош, не треба да се двоумите да ја побарате.

Запишувајте сè

„Мајка ми ми кажа дека ако има само еден совет за новите родители, тоа е да ги запишуваат сите смешни работи што нивните деца ги прават/кажуваат.“

Бидете внимателни што правите кога го ставате бебето во креветче

„Мојот совет до новите родители е никогаш да не гледаат или читаат нешто смешно додека го држат или се во близина на нивното бебе кое го заспиваат. Тешко е да го вратите назад на спиење откако ќе го разбудите со вашето гласно смеење.“

Навикнете се на измет

„Ќе има денови кога детето ќе се искака на вас. Знајте дека тоа ќе се случи и ништо не можете да направите. Не е голема работа, само избришете ги панталоните и продолжете. Ако има многу измет, заедно одете под тушот бидејќи секако сите ќе завршите таму на крајот“, вели корисник на „Редит“.

Дајте им одговорности на децата од рана возраст

„Родителски совет: децата нека изберат тиква за зимските празници. Но и самите нека ја носат до автомобилот. Нема да сакаат да го сторат тоа никогаш повторно.“

Соодветен распоред на оброци

„Совет: Јадете само шпагети во вечерите резервирани за бањање.“

Подгответе се за моментот кога детето ќе научи нов трик

„Чувајте се од дете кое научило нова шега или магичен трик.“

Бидете внимателни што охрабрувате

„Првиот пат кога вашето дете ќе ви кивне в лице, иако е премногу смешно, немојте да се смеете. Ќе се осудите себеси на години намерно кивање в лице. Ви благодарам на вашето време.“

Имајте спакувана торба за секој случај

„Одење во болница во 2 часот наутро. Тоа е родителскиот живот.“

Разликувајте лево од десно

„Со оглед на тоа дека има 50 отсто шанси, моето најмладо дете ги облекува чевлите на погрешната нога во 100 проценти од случаите.“


Не е секогаш придобивка да го поддржувате баш секој сон на вашите деца

„Сакам да ги поддржам моите деца и да ги охрабрувам да ги следат своите соништа, но сега моето тригодишно дете сонува да го отвори секој шкаф во ИКЕА.“

Нема секој да сака да исчисти

„Да се биде родител значи во основа да се оди низ домот и да се вреска – Исчистете го овој неред! – сè додека сите не почнат да плачат.“

Кажете ѝ збогум на приватноста

„Јас: (во бањата)

7-годишното дете: (чука) Мамооо?
Јас: Да, злато.
7: Јас сум.
Јас: Знам.
7: Твојот син.
Јас: Го знам и тоа“.

Откажете се од логиката

„Мојот син плачеше и ме праша: Зошто кучето не мора да носи панталони? И јас навистина не знаев. Па, сега ќе му облечам панталони на кучето.“

Не плашете се да возвратите со касање

„Ако вашето дете ве гризе додека е на возраст од 2 години, и вие гризнете го. Ќе престане.“

Автор: Ниа Типтон

Извор



912

X