По два месеца карантин, тригодишната Медисон Росбоши имала само една желба: да го види својот најдобар другар Џејмс со кого постојано си играла пред пандемијата.
Најдобрите другарчиња се дружеле само преку видеоповици, а со попуштањето на мерките им се дало шанса конечно да се видат. Средбата се случила на улица – веднаш штом се видоа, силно се прегрнаа.
– Кога ќе го видиш најдобриот пријател по 67 дена карантин – напиша Кејтлин, мајката на Медисон, на нејзиниот инстаграм-профил.
Таа вели дека на нејзината ќерка ѝ било прилично тешко што последните два месеца не можела да си игра со другарчињата.
912