Понекогаш мајките мора да го прават она што се мора. Дури и ако не им се допаѓа.

Лин Мари од Индијана неодамна на „Тик-ток“ откри дека не е премногу возбудена кога станува збор за играње со нејзината ќерка и нејзините кукли.

– Синоќа мојата ќерка ме замоли да си поиграм со неа. Мразам да го правам тоа. Би ја носела на прошетки, но не сакам да играм со барбики. Но, се чувствував лошо бидејќи таа ми е единственото дете – вели мајката.

Сепак, на крајот, Лин се согласила на барањето на нејзината ќерка. Како и да е, основната порака на Лин е дека е во ред ако не уживате во секој чекор од родителството. Ова нејзино признание погоди голем дел од мајките и татковците и токму затоа има повеќе од милион прегледи.

Навистина е убаво тоа што Лин се потрудила. Додека на играта честопати се гледа како на нешто што децата го прават само за забава, таа е клучен дел од развојот на децата. Играта придонесува за когнитивната, физичката, социјалната и емоционалната благосостојба на децата и нуди идеална можност за родителите да се дружат со нивните деца.

Преку игра децата се вклучуваат и комуницираат со светот околу нив. Играта им овозможува да создадат и да истражат свет што можат да го совладаат, освојувајќи ги своите стравови додека вежбаат улоги како возрасни, понекогаш во соработка со други деца или возрасни.

Како што децата го совладуваат својот свет, играта им помага да развијат нови компетенции што доведуваат до зголемена самодоверба и издржливост што ќе им бидат потребни за да се соочат со идните предизвици.

Плус, играта им овозможува на децата да научат како да работат во групи, да споделуваат, да преговараат, да решаваат конфликти и да учат вештини за самозастапување.

Кога играта е водена од деца, децата вежбаат вештини за донесување одлуки, се движат со свое темпо, ги откриваат сопствените области на интерес и на крајот целосно се вклучуваат во страстите што сакаат да ги следат.

@backbreaker_lynn

Parenting is hard, even when it’s easy. The little things really are the big things. Who knew?! #momsoftiktok #parenting #10minutes

♬ original sound – Lynn Marie

Извор



912

X