Влеговте во последниот триместар од бременоста. Бебето забрзано расте во вашиот стомак, а вие постојано се менувате. Стомакот ви станува сè поголем, полека се подготвувате за породување, можеби ќе треба да зготвите неколку јадења однапред, да ги замрзнете за да си ги олеснете првите денови по враќањето дома.
Сега фокусирајте се на внесување растителни влакна за да спречите опстипација (запек). Опстипацијата често може да биде проблем во последниот период од бременоста како резултат на хормонални промени и притисокот на плодот врз матката. Оваа состојба се јавува речиси кај секоја петта бремена жена.
Во овој период треба да се внесат многу растителни влакна, особено оние што се метаболизираат во дебелото црево. Таквиот вид храна не само што ќе ја спречи опстипацијата, туку и ќе го одржи стабилно нивото на шеќер во крвта, чија нерамнотежа се појавува кај некои бремени жени како гестациски дијабетес.

Дајте им предност на протеините – јадете ориз, леќа, тофу, наут, грав, смокви, сливи, лен, кајсија, киви, овес.
Некои бремени жени во овој период може да имаат покачен холестерол, но нема причини за паника бидејќи холестеролот е основа на многу хормони, кои во тој период се многу поактивни. Важно е да не се одлучувате за рестриктивни диети или, пак, за производи што го намалуваат нивото на холестерол (се разбира, ако тоа не ви ги пропишал вашиот лекар).

Против опстипација треба да пиете многу течности. Пијте шест до осум чаши вода и обидете се да бидете активни – пешачете или пливајте. Продолжете да внимавате на есенцијалните масни киселини, одморајте се што е можно повеќе и имајте квалитетен сон.

Витаминот К и есенцијалните масни киселини

Есенцијалните масни киселини се многу важни во овој период. Продолжете да јадете ореви, разни видови семки, зелен листесет зеленчук. Важно е да јадете храна богата со витаминот К. Витаминот К го има во карфиолот, брокулата, спанаќот, зелените салати.
Со внесување на овие видови храна можете да ја зајакнете крвта пред породувањето. Избегнувајте  кофеин и газирани пијалаци, кои имаат диуретичен ефект, што значи дека тие го зголемуваат мокрењето, а истовремено предизвикуваат дехидрација. Заменете ги овие пијалаци со природни сокови. Избегнувајте вештачки засладувачи и внимателно прочитајте ги декларациите на производите што ги купувате, кои не би требало да содржат нешто што е непознато за вашето тело.

Несоницата е чест проблем на идните мајки во последните денови од бременоста. Сега бебето ужива во движењето, а неговиот часовник често не е во согласност со вашиот и може да ве држи будни баш кога ви се спие!
На крајот ви преостанува да подготвите храна што може да ја замрзнете и да јадете во првите денови по враќањето дома за да обезбедите здраво и разновидно мени.
Со среќа!

 



912

X