Колку се променија вашите навики во исхраната за време на карантинот и дали сте забележале дека вашата вага покажува вишок килограми?

Големи количини храна, лош избор на намирници, незнаење за храната, грешки при подготовка на намирниците, прескокнување на оброците и недоволна телесна активност, се најчестите грешки во исхраната (на децата), заради што глобално има пораст на бројот на дебели деца. Карантинот сите нас дополнително нè „смири“ во смисла на движење, а нè „инспирира“ во количината на калории и храна што ги консумираме. Иако сè уште нема службени податоци, многу луѓе забележале пораст на телесната тежина кај себе, но и кај децата, поради намаленото движење и поголемото внесување калории во изминатиот период. А дебелината е, вели научникот Горан Лауц во емисијата „1 на 1“ на ХРТ,  ризик-фактор за коронавирусот. Со други зборови, дебелината влијае врз поголем воспалителен одговор на организмот, па лицата со вишок килограми се во поголема опасност да се заразат со новиот вирус и имаат посилно изразени симптоми од, на пример, лицата што имаат проблем со висок крвен притисок.

Исхраната во фаза на намалено движење, како што беше случај во последните два месеца, не мора да биде ниту диетална ниту невкусна, но не е препорачливо да биде обилна, бидејќи правилната исхрана има своја јасна дефиниција – потребно е да се потроши онолку колку што внесуваме за да се задржи задоволувачка телесна тежина. Не постои идеален оброк, вели дипломираниот нутриционист Ненад Братковиќ, бидејќи секоја личност има свои преференции: некој сака слатко, па за него, на пример, одличен утрински оброк може да биде смути од јогурт и бобинки, со малку банани и чиа семе. Совршено може да се вклопи и нешто зелено, на пример, неколку листови спанаќ.

„Доста ни се важни белковините, мастите и влакнате; не е добро денот веднаш да се започнува со јаглехидрати. Тие се супер, но за физички активни деца и родители. Јаглехидратите ни служат како надополнување на гликогенот и енергијата, а не за ситост“, вели Братковиќ.

Колку нашите прехранбени навики навистина се промениле и кои ќе бидат последиците од тоа, уште е рано да се зборува.

Извор



912

X