Алекса вон Тобел уште на млада возраст сфатила колку е важно финансиското знаење, но сепак жали што како мала не научила некои работи за парите. Оваа инвеститорка, која студирала на Универзитетот „Харвард“, укажува на една финансиска лекција што посакува да ја совладала порано, а тоа е разбирањето на сложеноста на инвестирањето.

„Наместо да потрошам два долари денес, дозволете ми да ги инвестирам и ќе можам да потрошам повеќе за неколку години. Тоа е нешто што не го знаев“, изјавила Вон Тобел.

Како и повеќето деца, Вон Тобел немала можност да научи за личните финансии на училиште. Дури кога пораснала, ги совладала вештините што ѝ биле потребни за да биде мудра во врска со штедењето и трошењето пари.

„Парите стануваат реални кога сами ги заработувате и трошите. Така, во дваесеттите години почнуваме да учиме за парите, сакале или не“, додава таа.

Вон Тобел неодамна ја напишала книгата „Моќно растење: Парите се важни“. Книгата содржи лекции за деца и тинејџери за низа теми за лични финансии, вклучително и поставување цели за штедење, креирање буџет, дури и за бизнис-план. Исто така, вклучува целосно поглавје за инвестирање.

„Сакам да ги научам децата дека одложувањето на задоволувањето, правењето попаметни избори и компромисите, се всушност збир на вештини кои се потребни за живот. Сакам децата да научат од мојата книга кои се долгорочните придобивки од инвестирањето и да научат да гледаат на парите како на моќна алатка, која може да им го промени животот, доколку знаат како ефективно да ја користат“, заклучила таа.

Извор



912

X