Здравје

Инцидент на Детска клиника – снемало дете, па било вратено

Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за детски болести, како што информираат оттаму, настанал инцидент кога Р.З. од Скопје пријавила кај персоналот дека детето со кое престојувала на клиниката не било во собата во која ја примало терапијата.
– Случајот веднаш беше пријавен во МВР од страна на вработените, по што е констатирано дека детето било земено и вратено дома од страна на нејзината малолетна ќерка. За кратко време детето е вратено повторно на клиниката и тоа е во добра состојба и ја прима потребната терапија – информираат од МВР.

Клиниката, покрај МВР, ја контактирала и Службата за социјални работи за да го разгледа целиот случај.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top