Во светот на современото образование, пристапот кон учењето е во постојана еволуција, со фокус на развојот на компетенции што ќе им бидат потребни на младите луѓе во иднината. IQ UP! како пионер во овој област, континуирано работи на создавање подобро утре за нашите деца. Во ова интервју зборуваме со Македонка Мајнов, франшизер за IQ UP! Општина Карпош. Таа ни открива за своето искуство со IQ UP! програмите, како тие влијаат врз развојот на децата и зошто смета дека современото образование е клучно за подготовка на децата за иднината.

Како би го опишале моментот кога одлучивте да бидете дел од IQ UP! франшизата и која беше првата мисла што Ви помина низ главата?

– Одлуката да станам дел од франшизата IQ UP! беше поврзана со тоа што оваа франшиза нуди иновативен и различен пристап кон образованието. Децата се нашата иднина и затоа треба да вложиме ресурси во нивното едуцирање. Сите деца имаат потенцијал да бидат гении и ние како родители треба да ги поддржиме и да ги водиме низ предизвиците во животот. Франшизата IQ UP, која воедно претставува и прва едукативна македонска франшиза за деца од 3 до 13 години, ги пополнува сите дупки во формалното образование и децата се здобиваат со функционално знаење. Сметам дека токму тоа недостига во нашата традиционална образовна рамка и првично тоа беше причината да се вклучам. IQ UP! се фокусира на развивање на креативноста, критичкото размислување и тимската работа кај децата, што се аспекти кои, според мене, често не се доволно нагласени во традиционалното образование. Тоа може да им помогне на децата да развијат вештини и натпреварувачки дух, кои се потребни во денешниот дигитален и модерен свет.

По што се разликувате од другите едукативни центри во Скопје?

– IQ UP едукацијата се издвојува од другите едукативни центри во Скопје по неколку клучни аспекти. Во IQ UP е имплементирана СТЕАМ (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) едукацијата која има витална важност во развојот на децата. Се состои од интегриран мултидисциплинарен пристап кон образованието, кој е застапен во модерните образовни системи. СТЕАМ-моделот е дополнет со литература и програмирање и тоа ја издвојува IQ UP програмата од другите на пазарот. Исто така, уникатната методологија по која се реализираат часовите, како и обучените учители кои точно знаат како треба да се води наставата и да се стимулираат учениците за да се постигнат резултати.

Откријте ни која е магијата на IQ UP! едукацијата? Што сѐ опфаќа IQ UP! едукацијата?

– Прво, магијата на IQ UP! едукацијата лежи во нејзината иновативност и развој на критичко мислење, креативност и способностите на учениците. За разлика од класичните училници, каде што децата седат во редови и слушаат предавања, во IQ UP тие се приспособени во интерактивни лаборатории кои ги менуваат правилата на учење. Часовите започнуваат со интерактивна приказна со омилените ликови Биби, Боби и Оливер, која ја разработуваат на забавен начин. Потоа следува најинтересниот дел за децата во кој директно се вклучуваат во тематската единица. Во овие лаборатории, преку истражување, експерименти и проекти, секое дете има можност да истражува и да ги запознава границите на своите знаења. Се поттикнуваат креативноста и љубопитноста кај децата бидејќи тие се вклучуваат во активен процес на учење и се здобиваат со функционално знаење. Во последниот дел од часот ги воведуваме во дигиталниот свет и програмирањето, каде што наученото го претвораат во реален проект кој е поврзан со темата што ја учеле.

Кои се клучните вештини што ги стекнуваат децата во IQ UP! и како тие ќе ги подготват за предизвиците на 21 век?

– IQ UP! е програма која ги поттикнува интелектуалните способности на децата и ги подготвува за предизвиците на 21 век преку развивање животни вештини и способности. Клучна вештина што децата ќе ја стекнат преку оваа програма е што ќе развијат критичко мислење, односно ќе научат да ја анализираат информацијата, да поставуваат прашања и да размислуваат критички. Децата ќе научат полесно да го решат проблемот и да најдат соодветно решение, ќе учат како да комуницираат ефективно, како писмено така и усно. Оваа вештина им помага да изразат свои мисли, идеи и ставови во однос на другите. Програмата ќе ги поттикне децата да ја развиваат својата креативност и да размислуваат во нови и необични начини. Децата ќе бидат воведени во технологијата и дигиталните алатки, што е неопходно во современиот свет каде што технологијата игра значајна улога. Програмата ќе ги поттикне децата да развиваат навики за самостојно учење. Оваа вештина им помага да се адаптираат на брзите промени во знаењето и технологијата. Со овие клучни вештини, кои се развиваат со IQ UP програмата, децата ќе бидат подготвени за предизвиците на 21 век, каде што технологијата има големо влијание врз сите сфери од животот.

Како реагираат децата кога забележуваат дека се развиваат и учат на нов и иновативен начин и како тоа влијае врз нивната самодоверба?

– Децата се возбудени кога забележуваат дека се развиваат и учат на нов и иновативен начин. Ова ги инспирира, ги мотивира и им носи чувство на постигнување и задоволство. Учењето е преку игра, забава, експерименти, мозочни вежби и реални проекти и со примената на иновативните техники децата се стекнуваат со долготрајно знаење. На тој начин се развива нивната самодоверба и самостојно носат одлуки на кои се особено горди.

Која е Вашата порака за родителите во врска со значењето на креативноста и критичкото размислување во образовниот процес на децата?

– Пораката што би сакала да ја испратам до родителите е дека креативноста и критичкото размислување се клучни аспекти од образованието на децата и дека треба да ги поддржуваме и стимулираме овие вештини. Ние како родители треба да ги поттикнуваме децата да бидат креативни и за игра и експериментирање, како и да ги поддржуваме нивните интереси и да им овозможиме иновативна едукација. Критичкото размислување ги натера децата да размислуваат детално и критички околу информации и ситуации. Тие развиваат способност за анализа, оцена и донесување правилни одлуки.
Значењето на овие вештини им помага на децата да се развиваат како целокупни личности и да се справуваат со предизвиците во современиот свет.

Што би им порачале на родителите кои се двоумат дали да го запишат своето дете во IQ UP! и какви бенефити може да очекуваат?

– Кога размислувате за запишување на своето дете во IQ UP!, има неколку аспекти што треба да ги имате предвид. Прво и најважно, IQ UP! е програма за развој на интелектот и креативноста на децата. IQ UP! програмите се уникатни, иновативни и забавни, соодветно приспособени на возраста и интелектуалните потреби на секое дете. Тие се поделени на неколку возрасни групи, а опфаќаат деца на возраст од 3 до 13 години. Придобивките од програмата се многубројни: стекнување функционално и применето знаење, интелектуален развој, полесно разбирање и совладување на училишниот материјал, разбирање на научните концепти и процеси, љубов кон учењето, логичко размислување, креативност, самодоверба, решавање проблеми, носење одлуки, тимска работа и социјални вештини, комуникациски вештини, презентациски вештини итн.
Со IQ UP! едукацијата создадовме образовен модел кој ги пополнува и надминува сите предизвици. Регистрирајте се на бесплатниот демо-час и вашето дете нека стане дел од нашето големо семејство на научници.
УПИСИТЕ се во тек!

Регистрирајте се за бесплатен пробен час или контактирајте нѐ:

IQ UP! Аеродром – 070 382 269 IQ UP! Карпош – 078 887 889
IQ UP! Велес – 075 380 443
IQ UP! Прилеп – 071 308 446
IQ UP! Охрид – 078 249 507
IQ UP! Кавадарци – 075 448 873
IQ UP! Кичево – 071 777 939
IQ UP! Штип – 079 324 249
IQ UP! Гевгелија – 077 771 708
IQ UP! Струмица – 078 340 709

(Комерцијална објава)



912

X