Зарем не ви се чини дека колку поискрено зборувате или пишувате за мајчинството, толку побрзо луѓето ќе бидат подготвени да ви помогнат во коментари или ќе кажат што, како мајка, правите лошо? Вакви коментари ќе најдете на интернет, но често ги добивате и од пријатели, роднини итн.

Што вели интернетот?

Коментарите на социјалните мрежи се особено „искрени“, па тврдат дека мајките денес се многу мрзливи. Бидејќи сите сме мрзливи, авторот на блогот „rhiyaya.com“ собра неколку мислења. Таа во свој саркастичен стил ја претставува следнава листа со факти што ќе ви кажат каде грешите, не само како мајки, туку и како членови на општеството.

Така, интернетот го тврди следново:

-Родителите-хеликоптери поминуваат многу време надгледувајќи ги своите деца. Децата треба да научат сами да се забавуваат, а не да се потпираат на возрасните за секоја ситница.
-Поминуваме премногу време на телефон наместо да ги надгледуваме нашите деца.
-Децата треба да поминуваат повеќе време надвор, да трчаат слободно како што правевме ние. Освен ако не им се случи нешто лошо – тогаш ние сме виновни бидејќи не сме им посветиле доволно внимание.
-Мајките се враќаат на работа наместо да седат дома со своите деца. Затоа децата стануваат деликвенти и порано влегуваат во врски.
-Ако мајката остане дома со децата затоа што не работи, децата стануваат како Могли, несоцијални индивидуи. Неприспособени, асоцијални деца кои за сè се потпираат на мајките и веројатно спијат со нив додека да тргнат во средно училиште.
-Во нивно време жените не доеле со голи гради на јавни места. Од друга страна, суплементацијата влијае врз интелигенцијата на децата – ги прави глупави. Всушност, мајките што дојат треба да замолчат и да не излегуваат од дома додека не завршат со доењето.
-Добро, не баш толку долго, тоа е предолго.
-Родителите, денес, не ги тепаат доволно своите деца. Децата треба да знаат кој е шефот. Родителите се премногу попустливи.
-Родителите очекуваат совршенство и се премногу строги кон своите деца кога прават грешки.
-Гледајте ја онаа мајка како зјапа во телефонот! Премногу се присутни на социјалните мрежи – еве што им е на денешните мајки!
-Мајките се премногу изолирани. Да имаше начин да се најде со кого да се разговара во 3 часот наутро кога бебето постојано плаче.
-Зошто да се заморувате со она што го кажува некој случаен читател на интернет? Само слушајте ме мене.

Се надеваме дека ова ви помага! Или ви се чини дека оваа листа со противречности и критики е доволно оправдување за секоја мајка да посегне по чаша? Но… никому не му паѓа на памет дека на мајките единствено им не е во ред кога луѓето им даваат „добронамерни совети“ и „конструктивни критики“. Сите тие се обидуваат да стават различни мајки и нивните ликови во една кутија, која е означена со „погрешно“! А социјалните мрежи се делумно виновни. Повидливи се грешките на денешните мајки. Полесно од кога било е да се покаже со прст на грешките на мајката. Не постои рецепт за совршен родител – единственото нешто што можете да го направите е да дадете сè од себе, со знаењето што го имате. Затоа што секој работи онака како што го учи неговиот ум. За жал, имаме интернет за да укажеме на секоја погрешна работа, но за среќа постои и тој агол на интернет што ќе го препознае тоа и ќе го подигне моралот

Еве пример за конструктивна поддршка објавена на нејзината страница од Драгана Алексиќ, професионален тренер за семејство. Таа вели: „Консултациите не поминаа без да се зафати оваа тема. Бидејќи знам дека е тешко за родителите да го кажат тоа, еве што ќе кажам:

Драги луѓе што имате пријатели родители, ве молам престанете да им кажувате дека нивното дете е доволно големо да седне на нокшир, да спие само в соба, да ја остави ја цуцлата, да оди во градинка… Престанете да им кажувате дека детето е премногу врзано за вас и дека треба да го разделите затоа што ќе … (следува „поучно сценарио за предупредување“). Престанете да се мешате во нивниот однос и поврзаност со детето и оставете ги сами да проценат кога ќе почнат да прават, воведуваат или менуваат нешто. Престанете да им кажувате дека нивното дете е вакво или такво затоа што плаче „за ситница“, затоа што е енергично или љубопитно, затоа што не сака да биде одвоено во паркот/игротеката од нив…

Нека се потпрат на она што им го дала природата – родителскиот инстинкт. Дозволете им да ги следат потребите на своето дете и да дознаат што зборува преку неговото однесување. Нека се поврзат како што сакаат и како што им одговара. Нека ги следат релевантните информации наместо да им го сервирате вашето мислење (што тие главно не го побарале). И знам дека ќе кажете оти тоа го правите најдобронамерно, а јас во нивно име ви велам – Не мора, фала, не е потребно.

Со должна почит кон лицата од околината, секој родител многу подобро од вас чувствува и знае дали неговото дете е подготвено за нешто или не. Преземете одговорност за фактот дека овие родители се чувствуваат лошо поради вас затоа што им го триете од нос она што нивното дете сè уште не го направило, научило, постигнало… (што и да е), за тоа што прават грешки затоа што го чувствуваат вашиот притисок, па наместо да работат на поврзување со детето, тие го нарушуваат односот на доверба и губат драгоцено време. И кога ќе преземете одговорност, тогаш платете им за консултации кои ќе им помогнат да ги добијат вистинските информации“.

Таа вели и дека никогаш не била контактирана за консултација од личност од околината на некои родители која би сакала да провери дали треба да им каже нешто или барем да открие дали тоа што го мисли е правилно. Во исто време, 90 % од родителите на консултациите ѝ рекле дека сакаат да постапат како што чувствуваат, но дека не го прават тоа поради притисокот на другите.

Затоа, изберете кого да следите, селектирајте информации и верувајте во себе!

Извор



912

X