Доколку во изминатата година сте поминале време на која било од популарните социјални мрежи, не сте можеле а да не го забележите Милош, кој преку ноќ станал сензација на „Инстаграм“ и „Тик-ток“ покажувајќи во видеоснимки кои ги потпишува како „Балкан дед“ како изгледа секојдневието на просечен балкански татко, и покрај тоа што не живее во Србија. Како што раскажал за еден од јутјуб-поткастите, иако неговото семејство се преселило во Нов Зеланд кога имал само 7 месеци, тој го научил српскиот јазик и сега зборува на српски во речиси сите видеа.

Духовити и интересни работи кои се карактеристични за овој дел од светот и кои изгледа ги прават само луѓето што живеат на Балканот, Милош ги креира во своите видеоснимки. До идејата дошол во април минатата година кога цел свет беше во карантин. Најпрво станале популарни фотографиите на кои со соодветен текст прикажувал, како, на пример, Балканците реагираат додека гледаат фудбалски натпревар, како се однесуваат на летување или што е тоа што е карактеристично за српските баби.

Ова им се допаднало на корисниците на социјалните мрежи, па неговите фотографии се споделувани илјадници пати. Одлучил да прејде на видеоснимки и покрај секојдневните ситуации во домовите на просечните балкански семејства, најчесто ја снима и подготовката на традиционалните јадења. На странците, се разбира, им објаснил што е тоа провев, како се појадува на овие простори, како се радуваат Балканците на победите на Ѓоковиќ и како се однесуваат на свадби.

Така Милош преку скечот „Како татко од Балканот го поздравува друштвото на својот син“; во кој прикажува една од нашите надалеку познати карактеристики – гостопримството, убаво ја опишал ситуацијата која обично се случува. На помладите генерации сигурно им е познато колку родителите може да нè посрамотат пред друштвото нудејќи ракија, потсетувајќи се на „старите добри времиња“ и фалејќи се со своите љубовни успеси од младоста. Познато сценарио?

Како што вели момчето, потполно се посветил на снимањето видеа, а колку верно го прикажал Балканскиот менталитет и ги насмела корисниците на социјалните мрежи, зборува фактот дека на „ТикТок“ има повеќе од половина милион следбеници и милиони допаѓања, додека на „Инстаграм“ го следат 25 илјади луѓе.

Извор



912

X