Јануари е почеток на нова година, месец на празници и прослави, а еве што им е заедничко на лицата родени во овој месец:

Самостојност

Јануарските бебиња се посериозни и поодговорни личности, дури и во детството. Подоцна во животот лицата родени во јануари се истакнуваат како родени водачи и преземаат голема одговорност, дури и кога не е нивна! Делумно тоа е резултат на нивната вродена самодоверба (и трошка тврдоглавост), но и на фактот дека понекогаш тешко им веруваат на другите, па затоа одговорноста за завршување на некоја обврска или задача ја преземаат на себе. Имаат високи стандарди во секоја смисла!

Креативност

Лицата родени во јануари имаат изразена смисла за хумор, која понекогаш поминува и во сарказам. Одлично ќе ви одговорат дури и на најглупавото прашање бидејќи веруваат дека можат да помогнат и сметаат дека не е срамно да не се знае нешто. Креативно пристапуваат кон решавањето проблеми и лукави се, но на позитивен начин. Чувајте се од нив кога им е досадно, тогаш се подготвени да прават целосно откачени работи!

Добро расположение

Многубројни истражувања покажале дека лицата родени во јануари се помалку подложни на „празнична“ или сезонска депресија. И воопштено, јануарските деца се помалку нервозни, дури и како возрасни личности. Кога станува збор за здравјето, би требало да внимаваат на зголемен ризик од дијабетес тип 2 бидејќи некои истражувања покажале дека зголемениот ризик е поврзан со недостиг на сончева светлина во текот на последните месеци од бременоста, што е вообичаено за „зимската“ бременост и бебињата.

Љубов

Да, лицата родени во јануари секако ја чувствуваат и сакаат да ја покажуваат. Но не и претерано да разговараат за неа или за чувствата. Ако сте во врска со личност родена во јануари, побрзо ќе ви покаже дека ве сака отколку да дискутира или да го признава тоа. Бидејќи јануари ги опфаќа и јарците и водолиите, во зависност од датумот на раѓање, вашиот партнер или партнерка може да бидат и помалку тврдоглави. Астролозите сметаат дека водолиите се повеќе во допир со своите чувства и полесно разговараат за нив.
Една студија спроведена во Виена покажала дека момчињата родени во ноември, декември и во јануари имаат поголеми шанси да се левучари. Од друга страна, девојчињата родени во тие месеци немаат големи шанси да бидат левучари.

 



912

X