Децата имаат навистина посебен начин да ги спојуваат зборовите. Така, сосема е природно нивните родители да сакаат да ги документираат нивните најнепроценливи цитати.
Во 2014 година мајката и претприемач Лејси Елис ја создаде апликацијата „Литлхутс“, која им помага на родителите да ги евидентираат и архивираат смешните мудрости на нивните деца. Таа споделува најважни моменти од апликацијата на социјалните мрежи.
Во продолжение ви нудиме избор на смешни и крајно чудни работи што ги кажале децата.
Лили: Мама, секој ден ги притискам нозете за да се осигурам дека коските ми се таму.
Мајката: А што би правела ако не се таму?
Лили: Би паднала – Лили, 5 години
Квин: ТАТО! ИТНО МИ ТРЕБАШ!
Таткото скока од каучот и веднаш се качува во собата на Квин.
Квин: Потребни ми се бакнеж и прегратка, те молам.
Таткото: Мислев дека станува збор за нешто итно.
Квин: Љубовта е мојата итност, тато – Квин, 7 години

– Мама, дали имаш забележано дека сите лоши ликови во филмовите на „Дизни“ се навистина добри пејачи – Еј Џеј, 5 години.
– Мамо, ќе сакаш да ме однесеш во паркот? Можеш да седиш на клупа и да ме гледаш како играм. Плус, има бесплатен грејач. Знаеш, сонцето – Кена, 5 години.
Мајката: Знам дека некогаш сум непријатна, но да се биде мајка е најдобрата работа во светот.
Еверли: Освен ако работата не ти е да се грижиш за еднорози – Еверли, 5 години.
– Дали знаеш што вели мојата маица? Вели здраво на пријателски јазик! – Блејк, 3 години
Адриана: Мамоо! Го знам презимето на принцезата Аурора.
Мајката: Кое е?
Адриана: Бореалис! Нејзиното име и презиме е Аурора Бореалис – Адриана, 5 години.