Иако сè поголем број жени одлучуваат да забременат на подоцнежна возраст, сепак, постои одредена стигма кога станува збор за трудници постари од 35 години. Последното истражување, чии резултати биле објавени во Журналот на Американското здружение за геријатри, дошло до многу интересно откритие.

Имено, истражувачите откриле дека подоцнежната бременост позитивно влијае врз мозокот на мајката, односно го спречува губењето на меморијата подоцна во животот. Во истражувањето учествувале 830 жени во постменопауза, а научниците ги снимиле нивната вербална меморија, функционалните вештини и општите знаења.

Тие, исто така, ја проучувале возраста на која жените го добиле првиот циклус, кога забремениле, колку бремености имале дотогаш и некои други слични фактори со цел да најдат одговор на прашањето како бременоста, со оглед на нивната возраст, влијаела врз нивното ментално здравје.

Резултатите покажале дека жените што родиле по 35-тата година имале подобра меморија, додека мајките што го добиле првото дете на порана возраст, помеѓу 15 и 24 години, имале полошо здравје и послаби функционални вештини во четириесеттите години.

Извор



912

X