Има сè помалку и помалку снег, па овој проблем и не е баш актуелен. Но, сè уште одиме на санкање или скијање и тогаш ракавиците добро ни доаѓаат. Но, само ако се суви и топли…

Ако сте успеале да ги наговорите вашите деца да носат ракавици бидејќи излегувате на снег, веќе сте постигнале голем успех. Следното е како да не им замрзнат рацете во студените и водени ракавици со кои прават снешковци, се туркаат и прават ангели во снегот.

Дебелите водоотпорни ракавици обично се со споени прсти или се толку дебели, што им е тешко да прават снешко, па затоа подобри се волнените. Но, тие лесно пропуштаат.

За овој проблем нуди решение веб-страницата „Lifehacker“ – советува на ракавиците да навлечете тенки гумени заштитни ракавици што се користат во домаќинството за готвење или за чистење. Така тие ќе ги направат волнените ракавици водоотпорни и со нив децата ќе имаат топли и суви раце.

Извор



912

X