Експерт за врски открива како ги решава ситните расправии во нејзиниот брак и воодушеви многу интернет-корисници со нејзиното видео. Обвинувањето на партнерот за работи што може или не мора да се негова вина е сигурен начин да почнете расправија. Тара Блер Бол од САД, експерт за љубовни врски, вели дека има решение за ваквите ситуации.

Во нејзиното видео, кое собра повеќе од 8 милиони прегледи, открива дека таа и нејзиниот сопруг измислиле личност која ќе биде виновна за малите нешта околу кои постои можност кавгата да прерасне во конфликт.

Нивното жртвено јагне се вика Рик и кога работите ќе тргнат наопаку, тие инсистираат дека Рик е виновен за тоа наместо да се обвинуваат меѓусебно.

Иако ова може да изгледа необично, Тара верува дека измислениот Рик ѝ го спасил бракот.

– Измислената личност што е виновна за мали нешта во суштина внесе хумор во бракот, ни ја олесни комуникацијата со партнерот во моменти кога постои опасност од конфликт – објаснува Тара.

На пример, парот го обвинил Рик кога видел дека сметката не е платена навреме или кога валканите алишта не се ставени во машината.

– Рик е нашиот дежурен виновник и тоа е одлично затоа што никој од нас ја нема таа улога – објаснува Тара.

Предноста на користење „дежурен виновник“ е во тоа што ги потсетува паровите дека се тим и дека не треба да се напаѓаат еден со друг.

Исто така, ги охрабрува да ги решаваат проблемите заедно, наместо да се обвинуваат еден со друг за грешките што ги направиле. Покрај тоа, овој метод за решавање проблеми внесува хумор во врската и спречува помали проблеми да прераснат во поголеми конфликти.

@tara.relationshipcoach

#realrelationships #relationshipadvice #relationshipcoach

♬ Good Day – Nappy Roots

Извор



912

X