Ги знаете оние деца од ТВ-шоуата што знаат да ги кажат сите претседатели на САД, годините кога служеле и името на нивното домашно милениче? Или деца што ќе ве поправат кога ќе претпоставите дека сите диносауруси живееле во периодот јура, кога нивните фосили покажуваат дека постоеле и во други периоди? Или оние паметни деца што ги знаат сите соѕвездија?

Некои деца, а и вашето може да биде меѓу нив, се ученици со „интензивен интерес“. Тие се насочени кон една посебна работа и стануваат опседнати со неа. Затоа, не грижете се ако вашето дете зборува само за возови; таквиот фокус ја зголемува неговата интелигенција.

Истражување направено од Универзитетот во Висконсин и Универзитетот во Индијана покажало дека детето има корист од интензивниот, фокусиран интерес. Во практиката овие интереси, особено оние што бараат концептуален домен, како што е случајот со диносаурусите, ја зголемуваат упорноста, го подобруваат вниманието и ги подобруваат вештините за сложено размислување, на пр., обработка на информациите.

Кога детето е навистина заинтересирано за нешто, тоа ќе бара начини да учи и да игра за да може да апсорбира колку што е можно повеќе информации. Се подобруваат вештините за јазично и креативно размислување, а детето со такви вештини често е добар решавач на проблеми и може добро да се движи низ социјалните ситуации. Кога вашето дете ќе се чувствува дека нешто совладало многу добро, тогаш се зголемува неговата доверба. Сето ова го мотивира да поставува повеќе прашања и да го истражува својот свет на подлабок начин.

Интензивниот интерес на детето е самодвижечки. Ова значи дека детето ја презема контролата врз учењето на начин на кој му дава контрола. Во текот на нивното детство, околу една третина од децата развиваат интензивен интерес за одредена тема на возраст помеѓу 2 и 6 години. Истражување направено од Универзитетот во Вирџинија и Универзитетот „Јеил“ открива дека само 20 отсто од овие деца ја имаат оваа страст и во зрелоста. Па така, по неколку родендени и купувања мајмуни и горила-играчки, игри и книги, вашето дете може да одлучи дека едноставно повеќе не го интересира оваа работа. Градинката навистина може да го промени детето, нели?

Иако тоа не е лоша работа, значи дека вашето дете се откажало од оваа страст што му го окупирала целото негово време. Можеби ќе ви олесни што повеќе не мора да слушате за багери, камиони и кранови, но бидете благодарни за придобивките од тој интензивен интерес. А ако имате дете што е опседнато со одредена тема, запомнете дека тоа е во ред, па оставете го да биде опседнато.

Дозволете диносаурусите или инсектите или нешто друго да бидат образовна муза на вашето дете. Ќе му послужи во иднина, дури и ако не биде палеонтолог или ентомолог.



912

X