Игротека

„Инстаграм“ – најопасна друштвена мрежа за децата

„Инстаграм“ е најопасната друштвена мрежа за децата бидејќи се дошло до сознание дека најмногу им одговара на педофилите. И „Фејсбук“ не е безопасен, но во моментов заостанува во споредба со „Инстаграм“.

Ниту една друштвена мрежа не е безбедна, но истражувањето на Британското здружение за заштита на деца од насилство покажало дека „Инстаграм“ е најопасен. Водичите на студијата предупредуваат дека оваа друштвена мрежа најмногу им оди во корист на педофилите, па така полицијата во Англија и во Велс во полугодишен период забележала речиси 2 илјади инциденти со сексуална конотација во кои биле вклучени деца.

Полициските извештаи откриле дека 7 од 10 жртви се девојчиња, во просек од 12 до 15 години. Се случувало во замка да паднат и помлади кориснички на „Инстаграм“.

Од Националната агенција за борба против криминалот навеле дека платформите што ги користат децата и младите мора да имаат механизми за спречување на сомнителното и опасно однесување на интернет, Меѓутоа, Питер Ванлес, директор за Здружението за заштита на деца од насилство, вели дека друштвените мрежи не ги почитуваат правилата.

– Податоците покажуваат дека децата не можат да бидат безбедни на друштвените мрежи. Не смееме да чекаме да се случи следна трагедија. Компаниите мора да реагираат– предупредува Ванлес.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top