Мајка на четворка се фотографираше во 30. недела од бременоста и 30 недели по породувањето, па фотографиите стана вирални откако ги сподели на нејзиниот инстаграм-профил.

Ешли Крандел, која е мајка на четворка, вели дека имала тежок пат до мајчинството, поминувајќи низ повеќе спонтани абортуси пред конечно да забремени со четворка преку ин витро. Таа успеала да ги износи бебињата до 31. недела и четири дена, кога е направена фотографијата со нејзиниот голем стомак. На фотографијата од десната страна се прикажани бебињата стари точно 31 недела и 3 дена.

Бебињата поминале 70 дена на одделот за неонатална интензивна нега, учејќи како сами да јадат и да дишат. За среќа, на крајот сѐ испаднало како што треба, па оваа мајка сега може да ужива во своите бебиња.

Извор



912

X