Секоја култура има сопствени традиции поврзани со раѓањето на децата. Додека ние го прославуваме раѓањето на девојчињата купувајќи розови фустанчиња и кукли, во селото Пиплантри во Раџастан, Индија, луѓето прославуваат засадувајќи 111 дрвја.

Да, секојпат кога ќе се роди девојче, во ова село се засадуваат 111 дрвја во негова чест.

Во повеќето индиски села раѓањето девојче историски се сметало за товар на семејството. Руралните села работат на систем на мираз, кој придонесува за висока цена на бракот во домаќинствата со ќерки. Како резултат на тоа, ќерките често се сметале за помалку вредни од нивните браќа и голем дел од нив завршувале омажени пред 18-тата година, а малку добивале соодветно образование.

Насилството врз жените што произлегува од овие ставови и понатаму е жестока тема во Индија.

Но, традицијата на засадување дрвја за да им се посака добредојде на женските деца во Пиплантри се чини дека целосно ги отфрла овие историски ограничувања, поттикнувајќи надеж дека ставовите кон жените можат да се променат.

Овој неверојатен обичај го почнал поранешниот водач на селото – Шјам Сундар Паливал за да ѝ оддаде почит на неговата ќерка, која починала кога била млада. Иако Паливал повеќе не е водач на селото, традицијата сепак продолжила.

Кога ќе се роди девојче, членовите на селото се здружуваат за да направат еден депозит за девојчето. Родителите придонесуваат една третина од сумата, а парите се тргаат настрана како 20-годишен фонд за девојчето. Со тоа таа никогаш нема да се смета за финансиски товар на нејзините родители.

За возврат на депозитот, родителите потпишуваат правна писмена изјава во која се вели дека ќерката нема да се омажи додека не наполни 18 години и не добие соодветно образование. Во изјавата се наведува дека треба да се води грижа и за 111. дрвја.

Не само што оваа убава традиција придонесува за почит на жените во селото, туку и е добра за средината. Герилал Балаи, татко кој засадил 111 фиданки минатата година, вели дека ја чувствувал истата среќа кога се грижел за дрвјата како кога ја нишал својата ќерка да заспие.

Дрвјата стануваат симбол за девојчето и селаните работат напорно за да ги заштитат од термити, засадувајќи алое вера.

Гледајќи ја интимната врска меѓу социјалното здравје и здравјето на животната средина во селото, традицијата на Паливал создала навистина одржлива иднина за членовите на заедницата. Во текот на изминатите шест години биле засадени 250.000 дрвја во селото.



912

X