Се разбира, веруваме дека овие имиња не би ви паднале на ум, но погледнете ги во секој случај.
Одбирањето имиња за децата е интимна работа, а денес само небото е граница кога е во прашање инспирацијата. Единственото ограничување е законот. Верувале или не, во некои земји одредени имиња се забранети откако родители се обиделе да им ги дадат на своите деца, пренесува „Кидспот“.
1. „Brfxxccxxmnpcccclllmmnprxvclmnckssqlbb11116“
Тешко е да се поверува, но некој рекол дека ова име би требало да се изговара „Албин“. Родители од Шведска го смислиле ова име во знак на протест поради казна која ја добиле бидејќи на синот не му дале име пред петтиот роденден.
2. Цијанид
Една мајка од Велс, инспирација, како што изјавила, пронашла во историјата. Појаснила дека цијанидот е отровот кој го убил Адолф Хитлер, па сакале својата ќерка да ја нарече според таа супстанција.
3. Принц Вилијам
Војводата од Кембриџ не го заштитил своето име, а родители од Франција добиле идеја така да го именуваат синот, но властите тоа им го забраниле поради страв дека може да доведе до исмејување на детето.
4. „III“
Давање име според римските броеви во Нов Зеланд не е дозволено. Меѓутоа, детето можете да го наречете Три или Трето.
5. Нутела
Суд во Франција ја одбил желбата на родители да ѝ го дадат на својата ќерка името Нутела. На крајот, таа го добила името Ела, поради што еден ден веројатно ќе им биде благодарна на француските власти.
6. @
Пејачката Киша (Ke$ha) го содржи овој симбол во своето име, но не е родена во Кина, каде што владата им забранила на некои родители да му дадат вакво име на синот. Нивната идеја била името да се изговара „аи-та“, што значи „да го сакаш“, но кинеските матичари не се импресионирани.
7. Робокап
На последно место се наоѓа името Робокап, кое е забрането од страна на властите во Мексико, откако на некои родители им се појавила желбата тоа име да му го дадат на синот.