Едно од имињата за девојчињата кое е меѓу најпопуларните на нашите простори дури 35 години е името Магдалена, или во последните 20 години пократката верзија – Магда.

Магдалена е име кое носи нота на нежност и чистота, а сепак женственост и, би можело да се каже, духовност. За Магдалена некогаш пееше Оливер Драгојевиќ и дали може подобро да се опише неговата фасцинација од женственоста – духовна и физичка, освен преку името Магдалена? Очигледно не, а тоа го потврдува популарноста на оваа романтична балада.

Но, од каде потекнува ова прекрасно женско име? Магда, во далматинските региони и Манда, или Магдалена, е име од старогрчко потекло и значи „таа што потекнува од Магдала“ (место во Галилејското Море). Името е познато поради Марија Магдалена, која била блиска ученичка и придружничка на Исус. Но, нејзината приказна е една од најнезаборавните новозаветни приказни и раскажува за жена која се сметала за голем грешник и која покажала најискрена љубов, како онаа која се очистила и се покајала, како онаа која е лојална и верна, како личност надвор од своето време и лажни општествени норми.

Марија Магдалена била еден од првите сведоци на Исусовото воскресение и се смета за просветлена.

Така, Магда, Манда и Магдалена се имиња кои се однесуваат на личност која е убава и однатре и однадвор, просветлена, чиста личност која сака и љуби.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X