Мајката Ким Тучи од Австралија има родено петорка, а има вкупно осум деца. Во нејзината книга „Имав осум бебиња и ако научив една работа…“, таа споделува над сто родителски совети, меѓу кои и брилијантните совети за заспивање на децата.

Не „лебдите“ низ домот

Дозволете ги само нормалните звуци во текот на спиењето. Што и да правите, не лебдите околу куќата додека бебето спие од страв да не го разбудите бебето и зошто секој звук, шепот или чукање на вратата може да го разбуди бебето, оти научило да заспива кога е комплетна тишина. Правете нормални звуци кои се соодветни за еден дом, а тоа ќе им помогне на децата да се навикнат на секојдневните звуци кои ќе продолжат да се слушаат уште неколку часа откако ќе бидат ставени во кревет.

Перниците нека бидат на место

Кога бебињата-петорка почнаа да користат перници на 18 месеци, секое утро одев во нивните соби за откривав дека нивните перници се фрлени на подот. Ми се смачи од постојано кревање на перниците по нивното заспивање, па одлучив да ги ставам под чаршафите, а на тој начин тие остануваа на едно место и не можеа да ги фрлаат.

Сортирани вреќи за спиење

Ако вашето бебе го ставате во вреќа за спиење и тоа постојано ја трга во текот на ноќта, обидете се да му ја поставите вреќата наопаку. На тој начин не може да го дофати патентот, а и не треба да се грижите бидејќи ќе му биде удобно.

фото: Kim Tucci/Babylogy

Брзо менување на чаршафите

Не верувам дека некој родител е подготвен за изненадувачкото вршење нужда на самите чаршафи во текот на ноќта. Здиплете покривка или потенко ќебе на половина и поставете го на горната третина од душекот. Вака лесно ќе можете да ја менувате натопената површина, без да ја вадите целата постела во текот на ноќта.

Сопрете ги превртувањата на детето во креветот

Ако сте загрижени дека детето ќе падне од креветот, поставете душеци од пена во долгнавеста форма, кои се користат за во базени, на работ од креветот, под чаршафот. Како што децата растат, нормално е кај нив да се јавува страв од темница. Кога се селевме од дома, синот Курт се плашеше од новата соба. Купив спреј и на него напишав „Спреј за чудовишта“. Го наполнив шишето со вода и неколку капки масло од лаванда и ја испрскав собата пред син ми да легне да спие. Со ваквото имагинативно решение тој повеќе не се обидуваше да излезе од креветот. Не заборавајте да испрскате и под креветот!

Автор: Ким Тучи

Извор



912

X