За да го запознаете своето дете, најпрвин треба да го запознаете неговиот темперамент.

Не е невообичаено двете деца на исти родители да се сосема различни, иако родителите примениле исти воспитни методи. Најголемиот „виновник“ за тоа е темпераментот, што може дополнително да влијае врз карактерот, но и врз целата структура на личноста.


Дали детето ќе биде плашливо или ќе се впушта во ризични ситуации, во голема мера ќе зависи од димензијата на темпераментот.

Оваа димензија ќе создаде афинитети, како што се истражување и упорност. Не можете да го менувате карактерот на детето, но можете да му помогнете подобро да се справи со неговите импулси.

Активно дете

Ако детето е енергично, сака да трча, да игра, логично е дека треба да му го обезбедите тоа. Овие деца често немаат претстава за телесната шема, па затоа се склони кон повреди. Важно е да им давате охрабрувачки пораки, да ги пофалите ако нешто извршиле за брзо време, но и да ги стимулирате некогаш да уживаат во пасивни работи.  Сепак, имајте на ум дека не сите пасивни работи им лежат на овие деца, па затоа треба да барате активности со кои визуелно ќе ги анимирате.

Пречувствително дете

Овие деца обично уживаат во музика и треба да бидат охрабрени да слушаат што е можно повеќе музика, но и да се интересираат за некои инструменти, вклучувајќи го и пеењето. На овој начин тие ќе имаат можност на повеќе начини да ги изразат нивните емоции. Исто така, цртањето и сликањето, па и други креативни пристапи ќе бидат основа за нивно созревање во кое ќе стекнат поголема самодоверба.

Тврдоглаво дете

Во овој случај, многу е важно да се најде модел и техника на дисциплина. Дете со силен карактер секогаш има свое мислење, па за да не го изгубите авторитетот, треба да најдете компромисни решенија. Секогаш давајте му две опции за и двете страни да бидат задоволени.

Автор: Марија Душаниќ

Извор



912

X